Операција Маслиново гранче: двајца загинати и 11 ранети турски војници

Авионите на турските воздухопловни сили во текот на ноќта извршија напади и уништија новооткриени упоришта и засолништа.

Операција Маслиново гранче: двајца загинати и 11 ранети турски војници

Турскиот Генералштаб соопшти дека двајца турски војници загинале а 11 биле ранети во офанзивата на пограничниот град Африн во северот на Сирија.

Во соопштението се додава дека исто така загинале и двајца припадници на Слободната сириска армија а 4 биле ранети.

„Авионите на турските воздухопловни сили во текот на ноќта извршија напади и уништија новооткриени упоришта и засолништа. Во нападите учествуваа седум авиони и сите се вратија во базата по успешно завршената задача. Според првичните информации од терен, во тие напади се неутрализирани најмалку 53 припадници на терористичките организации ПЈД/ПКК и ДЕАШ. Од почетокот на операцијата 'Маслинова гранка' неутрализирани се најмалку 484 терористи. Операцијата и понатаму е во тек во согласност со планираното“, се наведува во соопштението на турскиот Генералштаб.

Турските сили и Слободната војска на Сирија во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ напредуваат кон центарот на Африн од северниот, западниот и северозападниот дел.

Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција коешто е засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН),

Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

 



Слични вести