Надворешно политичките потези на Турција во западниот свет

Турција од една страна вложува напори да воспостави односи со силите во подем како што е на пример една Русија, а од друга да профитира од поделбите кои што се евидентни во западниот свет.

Надворешно политичките потези на Турција во западниот свет

Светот се наоѓа во период кога глобалниот систем со центрите во западот пропаѓа но и период кога не е пронајдена алтернатива за негова замена со друг систем и други вредносни критеријуми.Периодот се одликува со хаотичност во меѓународнииот поредок но и период кој што со себе нови низа можности и предизвици за Турција.Турската надворешна политика со потезите кои ги повлекува во последно време се обидува да се адаптира на новонастанатата ситуација во глобални и регионални рамки.Турција од една страна вложува напори да воспостави односи со силите во подем како што е на пример една Русија, а од друга да профитира од поделбите кои што се евидентни во западниот свет. Во период кога осетно дојде до затегнување на односите со САД, Турција настојува да ги интензивира ангажманите со западните земји како што се Британија и Франција.

Во овие рамки официјалната посета на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на Франција има големо значење.Во рамките на посетата беа остварени поволни разговори кои што се однесуваат на односите на Турција со Европската унија и соработката со земјите за кои станува збор особено во сферата на одбранбената индустрија.

Процесот за пристапување на Турција беше блокиран од Германија особено после референдумот што во април се одржа во Турција.И покрај тоа што барањето на Европскиот парламент за стопирање на пристапните преговори со Турција не наиде на поволна клима во Советот на Европа тоа беше доволно добар показател за Турција. Претседателот Емануел Макрон се заложи и двете страни,значи и ЕУ и Турција да работат на воспоставување партнерски односи. Европската унија која после обидот за воен удар во Турција на 15 јули минатата година кој што беше реализиран од страна на фетулахистичко терористичката организација ФЕТО.користејќи ги апсењата на пучистите како изговор сега преку Франција која за разлика од Германија е многу поблиска со Турција бара нови формули за соработка со Анкара. Европската унија која доживува силни потреси како резултат на делувањето на ултра десните струења, економските кризи и брекзитот во Британија се обидува да изнајде нови формули преку Турција и Британија. Министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел во една прилика рече дека англискиот модел би можел да претставува алтернатива за Турција.

Што се однесува до Турција посетата на претседателот Ердоган на Франција има две важни карактеристики за Турција. Првото е воспоставување на сојузништво и нејзино продлабочување а второто нови моменти во соработката во полето на одбрамбената индустрија.

Турција која доживува проблеми со САД поради терористичките организации ЈПГ/ПКК ,со одлуката на претседателот Доналд Теамп за прогласување на Ерусалим за главен град на Израел како да долеа масло на огнот.Односите уште повеќе се затегнаа откога Турција беше иницијаторот за гласање во ОН кое беше на штета на САД а за статусот на Ерусалим. Во едни вакви услови кога дојде до осетно затегнување на односите на релација Анкара /Вашингтон ,Турција тргна во потрага по нови сојузници и партнери. Ова исто така период на проблематични односи на Турција со Холандија и Германија. И во едни вакви услови Турција до максимум сака да ги зачува своите национални интереси. Во едни вакви услови Франција и Турција водат политики на добри односи. Што се однесува до Турција овие политики таа ги смета како алчтернатива за влошените односи со Германија.

Еден друг момент која што ја одбележа посетата на претседателот Ердоган на Франција е соработката меѓу одбранбените индустрии на двете земји.Соработката беше заокружена со постигнување на договор за ракетно одбранбени системи со долг дострел, на чие потпишување присуствуваа лично претседателите Ердоган и Макрон. Овој систем чиј трет партнер е Италија е исклучително важен за Турција.

Турција која во последниот период забележува големи успеси во реализирање на нови проекти во одбрамбената индустрија, овие успеси ги пласира и на меѓународен план со ширење на меѓународната соработка и тоа со земјите како што се Британија, Франција, Русија, Украина, Паклистан и другите.

Еден друг договор кој што заслужува внимание а кој што се постигна во Париз за време на официјалната посета на претседателот Ердоган на Франција беше договорот меѓу турската Ексимбанка и француската Брифијанс Ашуранс експорт.Освен тоа француската компанија Ербас и Туркиш ерлајнс потпишаа договор за започнување на преговори за откуп на 20 плус 5 авиони на Ербас А350-900 за потребите на турскиот авиопревозник.

Како резиме можеме да кажеме дека Турција користејќи ги недоразбирањата меѓу западните сили воспоставува партнетски односи со нови западни партнери кои секако дека ќе ја направат уште посилна пред земјите како што се САД и Германија.

Автор на коментарот Џан Аџун



Слични вести