Турција го осуди новиот израелски план за формирање населби

Израелските власти што поскоро треба да го окончаат нечовечното однесување кон Палестинскиот народ

Турција го осуди новиот израелски план за формирање населби

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во врска со изградбата на над илјада станбени објекти во илегалните населени места како и употребата на прекумерна сила врз Палестинците.

Во соопштението беше истакнато следното:

„Турција остро го осудува процесот на напредување на изградба на уште над илјада станбени објекти во окупираните територии во Западниот брег како и интервенциите на окупаторските сили во Газа и наблус во кои загибаа две лица.

Израелските власти што поскоро треба да го окончаат нечовечното однесување кон Палестинскиот народ кој исто така има право на живеење, а кое право за жал се прекршува од страна на Израел. Начинот на немилосрдно однесување на израелските власти освен тоа што го зајакнува ризикот за пораст на судирите во регионот, исто така се коси со меѓународното право и резолуциите на ОН“ беше подвлечено во соопштението на МНР.



Слични вести