Турција не ја признава одлуката на Трамп во врска со Ерусалим

Турција ја одбива и ја осудува неодговорната и незаконска одлука на американската администрација

Турција не ја признава одлуката на Трамп во врска со Ерусалим

Портпаролот на кабинетот на претседателот на републиката Ибрахим Калин рече дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел нема никакво важење за Турција.

Во врска со провокативната одлука на Трамп, Калин објави порака преку профилот на твитер во која го истакна следното:

„Одлуката нема никакво важење за нас. Турција ја одбива и ја осудува неодговорната и незаконска одлука на американската администрација во врска со Ерусалим. Целиот свет треба да ја одбие оваа одлука која се коси со меѓународното право и резолуциите на ОН и треба да го подржи Палестинскиот народ“, подвлече Калин.



Слични вести