Реакции на државниот врв на Турција : одлуката на Трамп нема никакво значење за Турција

Премиерот Бинали Јилдирим изјави дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за Ерусалим е неважечка за Турција и дека претставува удар врз напорите за израелско-палестински мир и за блискоисточниот мировен процес.

Реакции на државниот врв на Турција : одлуката на Трамп нема никакво значење за Турција

Премиерот Бинали Јилдирим изјави дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за Ерусалим е неважечка за Турција.

„Оваа одлука претставува удар врз напорите за израелско-палестински мир и за блискоисточниот мировен процес“ рече Јилдирим.

Премиерот Јилдирим во писменото соопштение по тој повод истакнува:  Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за Ерусалим е неважечка за Република Турција.Оваа одлука претставува удар врз напорите за израелско-палестински мир и за блискоисточниот мировен процес.Истата оваа одлука ја отвори Пандорината кутија во целиот регион.Одлуката на претседателот Трамп значи крај на блискоисточните мировни преговори и претставува типичен пример на неодговоност. Жестоко ја осудувам одлуката како и тие кои ја донесоа. Како и секогаш и сега треба уште повеќе да се почитува статусот на сите свети места во Ерусалим на чело со Месџиди Акса.

Реагираше и вице премиерот Бекир Боздаг кој рече: Ги осудуваме Соединетите Американски Држави заради оваа неправедна одлука, одлука која светот ќе го фрли во оган ,која значи непочитув ање на резолуциите на ОН и на меѓународното право. За нас оваа одлука нема никаква важност, муслиманите и муслиманските држави треба и мора да го одбранат статусот на Ерусалим.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу реагираше со зборовите: Еден град не може да биде главен град само со соопштение на една земја. И покрај сите предупредувања, Трамп тоа го направи. Сметам дека тоа е погрешно и ние тоа потполно го осудуваме, бидејќи една таква одлука ќе ја смени стабилноста, а во спротивност е со сите договори од меѓународно право и во спортивност со одлуките на Генералното собрание на ОН. Една земја не може да каже сега јас го правам она што сакам и да го доведе некој пред свршен чин. За да Ерусалим стане главен град, не е доволно таквата одлука да ја донесе претседател не една земја. Тоа е популистичка политика која ништо не може да реши. Турција ќе ги направи сите потребни чекори.

 



Слични вести