Признавањето на Ерусалим за главен град на Израел претставува фрлање на регионот во оган

Ал Акса е нашата прва кибла

Признавањето на Ерусалим за главен град на Израел претставува фрлање на регионот во оган

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека признавањето на Ерусалим за главен град на Израел од страна на Трамп претставува фрлање на регионот во оган.

Пред да замине за Грција, претседателот Ердоган на аеродромот Есенбога им се обрати на граѓаните.

Во освртот на синоќешната изјава на Трамп во врска со едностраното признавање на Ерусалим за главен град на Израел, Ердоган рече дека оваа одлука се коси со резолуцијата број 478 на СБ на ОН според која не се признава израелската окупација на Источен Ерусалим и прогласувањето за главен град.

Освен САД и Израел, ниту една друга земја во светот не фрли чекор напред против резолуцијата на ОН во врска со Ерусалим. Само овие две земји се спротивставија на одлуката. Навистина несфатливо е кому Трамп сака да му се додвори со оваа одлука. Ерусалим до денес важеше за свет простор и храм на муслиманите, христијаните и делумно на Евреите.

Ал Акса е нашата прва кибла. Преземањето еден ваков чекор претставува фрлање на регионот во оган. Еј Трамп, што навистина сакаш да направиш? Политичките лидери стануваат лидери со цел да ги смират тензиите, а не да ги зголемат. Моменталните изјави на почитуваниот Трамп имаат улога на миксер, односно на мешање, а не смирување“ рече Ердоган.

Во продолжение претседателот Ердоган рече дека во својство на привремен претседавач на Организацијата за исламска соработка, на 13 декември свика вонреден состанок во Истанбул.

Ердоган продолжува со телефонските разговори со лидерите на инволвираните земји.



Слични вести