Сочувство од Јилдирим на Џихангири

Премерот Јилдирим на разговорот ја изрази турската поддршка на Иран во овие тешки денови и посака да не се повтори оваа тага

Сочувство од Јилдирим на Џихангири

Премиерот Бинали Јилдирим одржа телефонски разговор со првиот помошник на претседателот на Иран Исак Џихангири.

Според владини извори, премиерот Јилдирим на средбата на првиот помошник на претседателот Џихангири му изрази сочувство за загинатите во земјотресот којшто се случи претходната ноќ во близината на ирачко-иранската граница и кој ги погоди и двете земји.

Премерот Јилдирим на разговорот ја изрази турската поддршка на Иран во овие тешки денови и посака да не се повтори оваа катастрофа.

Јилдирим ја изрази спремноста на Турција за пружање помош и санирање на штетите на Иран доколку имаат потреба за тоа.

Првиот помошник на претседателот во Иран Џихангири на разговорот му се заблагодари на премиерот Јилдирим и рече дека во случај да имаат потреба ќе му се јави.



Слични вести