Турција ја одбележува 79-та годишнина од смртта на великанот Мустафа Кемал Ататурк

Деноноќно продолжуваме да работиме за постигнување на целите на аманетот кој ни го остави

Турција ја одбележува 79-та годишнина од смртта на великанот Мустафа Кемал Ататурк

Годишнината од смртта на големиот лидер и великан Мустафа Кемал Ататурк се одбележува со комеморации во целава земја и дипломатско конзуларните претставништва.

Централната комеморација како и секоја година се одржа во Мавзолејот на Ататурк во Анкара.

Државниот врв положи венец на гробот во Мавзолејот на Ататурк.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во спомен книгата напиша:

„На 79-та годишнина од смртта, уште еднаш со голема почит се сеќаваме на големиот командант на Народноослободителната борба на турскиот народ и основачот на современа Република Турција, Гази Мустафа Кемал Ататурк.

Деноноќно продолжуваме да работиме за постигнување на целите на аманетот кој ни го остави, Република Турција, на кој сметаме за едно од најзначајните наследства и постигнување на предвидената цел да се искачиме над нивото на современите цивилизации. Слава ти, напиша претседателот Ердоган во пораката.



Слични вести