Средбата со Пенс помина поволно, рече премиерот Јилдирим

Влошувањето на односите во последно време нема да биде од корист ниту на една земја

Средбата со Пенс помина поволно, рече премиерот Јилдирим

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека средбите со потпретседателот на САД Мајк Пенс поминаа доста поволно.

Јилдирим рече: Разговаравме искрено и чесно за проблемите. Разменивме мислења за билатералните и регионалните проблеми.

Во освртот на средбата со потпретседателот Пенс, премиерот Јилдирим одговараше на прашањата на новинарите на патување од Вашингтон за Њујорк.

Јилдирим рече дека средбата помина доста поволно. Искрено и чесно разговаравме за проблемите. Разменивме мислења за билатералните и регионалните проблеми. Потенциравме на тоа дека влошувањето на односите во последно време нема да биде од корист ниту на една земја. Затоа ние во својство на политичари и државни раководители треба да преземеме поголема одговорност и да ги изнесеме на виделина проблемите кои ги влошуваат односите.

Во соопштението кое беше објавено од страна на кабинетот на премиерот беше истакнато дека на средбата биле разменети мислења и во врска со екстрадицијата на челникот на ФЕТО кој треба да се приведе. На средбата уште еднаш беше повторено барањето а екстрадиција на челникот на ФЕТО. Доказите кои беа изнесени на судските расправи во Њујорк и кои предизвикаа влошување на меѓусебните односи се лажни и беа собрани по нелегални методи, беше истакнато во соопштението.



Слични вести