МНР го осуди одобрението на грчките власти

Терористот Димитрис Куфодинас е сторител на атентатите врз аташето за печат и потсекретарот на амбасадата во Атина

МНР го осуди одобрението на грчките власти

Турција остро го осуди одобрението на Грција за пуштање на дводневен излез од затвиор на терористите во Грција кои во 1991 и 1994 година извршија атентати на 3 турски дипломати.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи беше истакнато дека терористот Димитрис Куфодинас е сторител на атентатите врз аташето за печат во Амбасадата на РТ во Атина Четин Ѓорѓу и потсекретарот на амбасадата во Атина Дениз Болукбаши.

Во соопштението беше потсетено дека наведениот терорист кој беше осуден на доживотна казна затвор се наоѓа меѓу сторителите на убиството на потсекретарот на амбасадата во Атина Халук Сипахиоглу.

 Во соопштението беше подвлечено на давањето дозвола за излез на терористот Димитрис Куфодинас од затвор.

Не може да се толерира искористувањето на овие права особено од страна на терористите кои неколкупати учествувале во убиствата на турските дипломати.

Толеранцијата на крволочните терористи претставува непочитување на спомените на дипломатите шехиди, беше подвлечено во соопштението на МНР.



Слични вести