Ердоган :Турција во 2019 година преминува во нов систем на управување

Претседателот Ердоган ги прими претставниците на локалните заедници од источните и југоисточните турски градови

Ердоган :Турција во 2019 година преминува во нов систем на управување

Претседателот Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција нема повеќе време за губење коешто во минатото се случувало поради незнаење, недоразбирања или поради други причини, туку дека е дојдено времето за крунисување на сите крупни достигнувања и напредокот остварени во изминатите 15 години.

Ердоган во Претседателската палата ги прими претставниците на локалните заедници од источните и југоисточните турски градови, а во своето обраќање изрази задоволство што по 41. пат присуствува на приемот на претставниците на најниските инстанци на локалната власт, кои ги оцени како посебна моќ на Турција.

„Турција во 2019 година преминува во нов систем на управување.Нашиот народ на референдумот на 16 април го одобри воведувањето на претседателскиот систем. Сега се подготвуваме за имплементација на тој процес. Се разбира, месните заедници и вие како нивни претставници, и во новиот систем ќе имате важна и одговорна улога“, рече Ердоган.

Изразувајќи уверување дека Турција и изборите во 2019 година ќе ги дочека со нов ентузијазам, Ердоган рече дека од Парламентот, Владата и од сите институции се очекува посветено да работат на тој план и на визијата за развој на Турција, која, како што рече, нема повеќе време за губење.

Осврнувајќи се и на минатогодишниот обид за воен удар во Турција, кој го изведе терористичката организација ФЕТО, Ердоган рече дека дел од поданиците на терористичката организација ФЕТО денес се или зад решетки или избегале од Турција и дека подмолниот водач на таа организација од 1999 година не ја менува адресата во Пенсилванија, каде што на посед од 40 хектари живее со своите робови.

Претседателот Ердоган порача дека и тој водач ќе одговара за своите дела, порано или подоцна, како и сите оние што му беа сојузници.

„Ние не ја спуштивме, ниту пак некогаш ќе ја спуштиме главата таму од каде што добиваат наредби овие подлеци, кои ја продадоа оваа земја и овој народ за долари и кои се обидуваат да нѐ поделат“, порача Ердоган.



Слични вести