Со почит и благодарност ја обележуваме 79-та годишнина на смртта на основачот на Републиката

Најголемата карактеристика на Гази Мустафа Кемал кој остави длабока трага во историјата како војсководител и лидер беше бескрајната доверба во народот

Со почит и благодарност ја обележуваме 79-та годишнина на смртта на основачот на Републиката

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека најголемата карактеристика на Гази Мустафа Кемал кој остави длабока трага во историјата како војсководител и лидер беше бескрајната доверба во народот.

Во пораката по повод 10 ноември, одбележувањето на 79-та годишнина од смртта на Ататурк, претседателот Ердоган рече:

„Со почит се сеќаваме на 79-та годишнина од смртта на основачот на Републиката, Гази Мустафа Кемал. Тој беше голем војсководител и лидер кој заслужува секаква почит. Револуционерната борба со која успешно управуваше, безбројните победи кои што ги извојува заедно со народот ги сплоти околу заедничкиот идела, Републиката.“

Нашиот голем народ под водство на Гази Мустафа Кемал големата борба што ја започна во 1919 и ја заврши во 1923 година со формирањето на Републиката, сите оние кои што сакаа да не остават без татковина ги запреа по цена на своите животи и со голема храброст. Како што во минатото и покрај сите тешкотии големиот турски народ излезе во пресрет на својата иднина и волја, херојски ја водеше револуционерната борба и ја одбрани татковината и знамето, така и денес ја поседува истата амбициозност и одлучност, рече Ердоган.

За одбрана и заштитата на независноста на Републиката која што ја формираше Гази Мустафа Кемал и ја предаде во аманет на младите, согласно начелото со цел постојано да ја развиваме и постигнеме предвидените цели во 2023 година, се сплотуваме околу заедничкото начело „еден народ, едно знаме, една татковина, една држава“. Ќе продолжиме активно да работиме во стабилност за зајакнување на братството, единството и интегритетот на државата, зголемување на нивото на економскиот просперитет и демократските стандарди, рече Ердоган.

Уште еднаш со почит и благодарност ја обележуваме 79-та годишнина на смртта на основачот на Републиката Гази Мустафа Кемал и неговите другари по оружје, како и илјадниците херои и газии, рече Ердоган.



Слични вести