Претседателот на Венецуела Мадуро во посета на Турција

Се очекува на дневниот ред на официјалните разговори да се најдат прашањата како што се соработката во трговијата и во енергијата.

Претседателот на Венецуела Мадуро во посета на Турција

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро денес престојува во официјална посета на Турција.

Николас Мадуро со сите државни почести ќе биде примен од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Претседателите Ердоган и Мадуро ќе разговараат за билатерални, реионални и меѓународни прашања, по што ќе претседаваат со официјалните разговори на највисоко ниво меѓу двете земји.

Се очекува на дневниот ред на официјалните разговори да се најдат прашањата како што се соработката во трговијата и во енергијата.

Се очекува исто така да се одржи состанок на ниво на министри за надворешни работи на двете земји.

Мадуро ќе биде примен и од страна на претседателот на Собранието на Република Турција Исмаил Кахраман.

Претседателите Ердоган и Мадуро за последен пат се сретнаа на самитот посветен за Сирија во Астана,главен град на Казахстанската Република.

 

 

 



Слични вести