Од ирачкиот премиер Абади добив покана за посета на Ирак

Турција води интензивна и ефективна борба против тероризмот

Од ирачкиот премиер Абади добив покана за посета на Ирак

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека од ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади добил покана за посета.

По петочниот намаз во Анкара премиерот Јилдирим одговараше на прашањата на новинарите. Јилдирим рече дека работат на усогласувањето на содржината и тајмингот на поканата и програмата.

Во врска со турскиот воен камп во Башика Јилдирим рече дека нашите војници во Башика се наоѓаат со цел да ги обучат сите оние кои што ќе учествуваат во борбата против ДЕАШ. Ако се земе во предвид фактот дека Ирак војува против ДЕАШ, тогаш муџахедините Нинова и приврзаниците на гардата кои што се обучуваат во кампот кои имаат значајна задача, мислам дека не треба да има никаков проблем.

Турција води интензивна и ефективна борба против тероризмот, подвлече премиерот Јилдирим и додаде:

Со ирачката влада треба да водиме поблиска соработка во однос на овие прашања. По нелегалниот референдум на 25 септември во Регионалната курдска управа на северот на Ирак кој од аспект на Турција е неприфатлив, мислам дека тоа ќе биде извонредна прилика за унапредување и развој на нашите односи, рече премиерот Јилдирим и потенцираше:

Нашите војници остваруваат заедничка операција со ирачките војници. Исто така на дневниот ред се наоѓаат и други мерки кои што мислиме да ги преземеме. Кога ќе завршат подготовки, сите тие постепено ќе почнат да се имплементираат, рече Јилдирим.



Слични вести