МНР писмено одговори на соопштението на Амбасадата на САД во Анкара

Уапсеното лице нема никаков дипломатски или конзуларен имунитет

МНР писмено одговори на соопштението на Амбасадата на САД во Анкара

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хусејин Муфтуоглу писмено одговори на соопштението кое беше објавено од страна на Амбасадата на САД во врска со апсењето на М.Т.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Амбасадата на САД особено се потенцира дека М.Т. е лице од локално потекло кое работи во генералниот конзулат на САД во Истанбул, рече портпаролот Муфтуоглу.

Лицето кое на 25 септември 2017 година најпрвин беше приведено поради поврзаност со тероризам а потоа и уапсен, освен тоа што не се води за регистриран персонал на официјалниот список на вработени на Генералниот конзулат на САД, исто така нема никаков дипломатски или конзуларен имунитет.

Во меѓувреме, потпретседателот на владата Бекир Боздаг во врска со прашањето рече:

Ако едно лице кое од страна на Турција е прогласено за приврзаник на терористичка организација е вработено во Амбасадата на САД, самиот чин нанесува штета на турско-американските односи.

Во рамките на истрагата што се води од страна на Републичкото обвинителство на Истанбул во врска со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), вчера беше уапсено лицето М.Т. кое беше во контакт со поранешниот јавен обвинител Зекерија Оз кој на 12 мај 2015 година беше отпуштен од работа како и поранешните полицајци за кои постои основано сомнение за поврзаност со терористичката ФЕТО и случувањата на 17 и 25 декември 2013, беше уапсено поради обвинение за обид за рушење на уставниот поредок, шпионажа и обид за рушење на владата на Турција.

Според писменото соопштение кое денес беше објавено од страна на Амбасадата на САД, лицето М.Т. е локален вработен во Генералниот конзулат на САД во Истанбул.



Слични вести