Турција ќе интервенира тогаш кога ќе смета дека е потребно за обезбедување на нејзината безбедност

Согласно меѓународните односи секоја земја ги чува своите интереси

Турција ќе интервенира тогаш кога ќе смета дека е потребно за обезбедување на нејзината безбедност

Ибрахим Калин портпаролот на кабинетот на претседателот на републиката во врска со евентуалната операција на Африн кој се наоѓа под контрола на ЈПГ, сириската фракција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК рече дека Турција ќе интервенира тогаш кога ќе смета дека е потребно за обезбедување на нејзината безбедност.

Во интервјуто за ТРТ Хабер портпаролот Калин се осврна а акѕуелните случувања во земјава и светот.

Во освртот на евентуалната операција на Африн кој се наоѓа под контрола на сириската фракција ЈПГ на сепаратистичко-терористичката организација ПКК рече дека Турција ќе интервенира тогаш кога ќе смета дека е потребно за обезбедување на нејзината безбедност.

Калин се осврна и на апсењето на еден вработен од локално во генералниот конзулат на САД во Истанбул поради шпионски активности.

Во тој контекст Калин рече дека согласно меѓународните односи секоја земја ги чува своите интереси.

Метин Топуз кој беше вработен во генералниот конзулат на САД во Истанбул беше уапсен поради обвинувањето обид за укинување на уставниот поредок на Турција, набавување тајни податоци кои од аспект на безбедноста на државата како и внатрешната и надворешна политичка корист треба да бидат тајни, бавење со воена и политичка шпионажа, отстранување на владата на Република Турција.



Слични вести