Турџија произведува сопствени авиони и хеликоптери

Произведуваме сопствени воени авиони и хеликоптери. Турција, никогаш нема да биде беспомошна" изјави министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Турџија произведува сопствени авиони и хеликоптери

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу коментирајќи ја изјавата на германскиот министер за надворешни работи Сигмар Габриел за продажба на оружје на Турција, истакна дека Турција веќе произведува сопствени воени авиони и хеликоптери.

„Ваквите изјави, всушност, даваат повод за јакнење на нашата одбрамбена индустрија. Во таа смисла, на сите полиња го зголемуваме националното производство. Произведуваме сопствени воени авиони и хеликоптери. Турција, сигурно никогаш нема да биде беспомошна", рече Чавушоглу.

Чавушоглу ја даде изјавата на конференцијата за печат со министерот за надворешни работи на Пакистан Хоџа Мухамед Асиф кој престојува во посета на Турција.  

„Да не беше Турција веројатно германските политичари не ќе имаа материјал за предизборната кампања. Впрочем Германија и Европа имаат други прашања, не е само Турција во прашање. Убеден сум дека германските граѓани имаат и други очекувања од нивните политичари.“рече министерот Чавушоглу.

Подвлекувајќи го фактот дека Германија е сојузник на Турција ,министерот Чавушоглу истакна: Секогаш кога Германија не критикуваше било околу терористичката организација ФЕТО ,било околу исто така терористичката организација ПКК,ние секогаш велевме дека сакаме да соработуваме со Германија околу овие прашања.

 



Слични вести