Ердоган: наместо да ми подигнуваат споменици подобро ќе биде да му служат на народот

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган оштро критикува дел од општинските власти на АКП партијата кои изградиле негови споменици.

Говорејќи на средбата во Анкара со челниците на локалната власт од редот на владејачката Партија на правдата и развојот , претседателот на партијата АКП воедно и претседател на Турција, Ердоган рече дека од локалните власти не очекува да му подигнуваат споменици, туку да му служат на народот кој им ја дал довербата да ја водат државата кон прогрес.

„Слушнав дека дел од општинските власти ми подигнале споменици. Искрено речено тоа многу ме натажи. Другари, тоа е сосема спротивно со нашиот вредносен систем. Јас не сакам са ми се подигнуваат споменици ниту да ми се поставуваат бисти. Никој да не ја направи оваа грешка.“

Ердоган ги повика градоначалниците наместо да му подигнуваат споменици да му служат на народот кој им ја дал довербата да ја водат државата кон прогрес.

Слични вести