2018 година ќе биде многу убава и значајна година од аспект на турско-кинеските односи

Кина придава големо значење на Турција

2018 година ќе биде многу убава и значајна година од аспект на турско-кинеските односи

Министерот за туризам и култура Нуман Куртулмуш рече дека 2018 година ќе биде многу убава и значајна година од аспект на односите меѓу Турција и Кина.

Во рамките на посетата на Кина министерот Куртулмуш учествуваше на 22-та Генерална седница на официјалната програма на Светската туристичка организација при ОН (СТООН) што се одржа во градот Ченгду и даде интервју за Турската радио и телевизија (ТРТ) и Агенцијата Анадолија.

Средбите и состаноците со значајните претставници на туристичкиот сектор на оваа земја како и турските компании кои делуваат во Кина поминаа доста продуктивно рече Куртулмуш и потенцираше дека истите ќе продолжат со одредени интервали.

Оваа посета претставува истоварување на Кина во вистинска смисла на зборот, рече министерот Куртулмуш и акцентираше дека уште повеќе ќе се ангажираат за стекнување со конечен исход на напорите. Во рамките на средбите со Кинезите имав можност да увидам дека и Кина придава големо значење на Турција.

Пекинг на Турција смета како на стратешки партнер рече Куртулмуш и потенцираше дека покажуваат сериозна намера и волја за унапредување и развој на односите во сите сфери, рече Куртулмуш.



Слични вести