Турција ги потпиша документите за откуп на ракетите С-400 од Русија

Никој нема право да дискутира во врска со одбранбената индустрија, одбраната и начелата за независност на Република Турција

Турција ги потпиша документите за откуп на ракетите С-400 од Русија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција ги потпиша документите за откуп на ракетите С-400 од Русија.

„Колку што знам дадовме дури и аванс за ракетите“, рече Ердоган.

На враќање од Казахстан каде што учествуваше на 1-от Самит за наука и технологија што се одржа под покровителство на Организацијата за исламска соработка, претседателот Ердоган во авионот одговараше на прашањата на новинарите.

На едно прашање во врска со последната состојба со ракетите С-400 претседателот Ердоган рече дека колегите ги потпишаа потребните документи. Колку што ми е познато плативме и одредена сума аванс. Никој нема право да дискутира во врска со одбранбената индустрија, одбраната и начелата за независност на Република Турција. Конечната одлука во врска со нашата независност ќе ја донесеме самите. Самите сме одговорни да ги преземеме сите потребни мерки и санкции за одбрана и заштита на земјата, рече Ердоган.

Турција се искачи на ниво на земја која што самата може да ги произведува беспилотни и летала со пилоти на кои може да се постави оружје а со чија помош само во последната недела беа неутрализирани над 90 терористи, рече Ердоган.

Во рамките на мировните преговори што се водат во Астана во врска со решавањето на кризата во Сирија, на 14 септември ќе се одржи состанок потсети претседателот Ердоган и потенцираше:

Моментално во Идлиб се спроведува процесот околу кој со Русија претходно имавме постигнато согласност. Затоа не станува збор за евентуален конфликт со Русија во однос на прашањето. Исто така на средбата со претставниците на Иран не беше изнесено некое барање кое би можело да предизвика конфликт, рече Ердоган.



Слични вести