Ердоган: Светот е глув и нем на случувањата во Мијанмар

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган даде специјално интервју по повод 3 .година од извршувањето на највисоката функција во државата

Ердоган: Светот е глув и нем на случувањата во Мијанмар

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган даде специјално интервју по повод 3 .година од извршувањето на највисоката функција во државата.

Интервјуто за Турската радио и телевизија ТРТ го водеше Огуз Хаксевер.

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во врска со нападот на Муслиманите во Аракан рече дека светот е нем и глув на случувањата во Мијанмар.

„За жал, можам да речам дека светот е глув и нем на случувањата во Мијанмар. Не слуша, ниту гледа. Овој последен случај од Бангладеш е уште пострашен. Според последните податоци, за жал, убиени се околу три илјади луѓе. Ние секако во врска со овој случај остро го осудуваме овој напад. Ќе продолжиме да следиме што таму се случува", рече Ердоган.

Турција рече претседателот Ердоган и понатаму ќе продолжи со пружање помош и поддршка на земјите и народите кои имаат потреба од тоа. Моментално со транспортни авиони и бродови испраќаме храна, лекови и облека за сите 4 страни на светот,на пример во Палестина, Газа и во другите места каде што има потреба. Ете тоа е она што се очекува од Турција, додаде Ердоган.

Ердоган во продолжение од интервјуто рече дека очекува на Курбан Бајрам да дојде до разрешување на катарската криза и додаде: 

„Во времето на Хаџот очекуваме од  кралот на Саудиска Арабија како постар од нас да иницира преговори кои би ја окончале заливската криза.“

Што се однесува до израелската окупација на џамијата Месџиди Акса во Ерусалим претседателот Ердоган рече: За жал тамошната ситуација е сеуште напната.Турција водеше засилени дипломатски контакти со израелските власти кога се случуваа инциденти пред Ал Акса.

„Јас тогаш контактирав со палестинскиот претседател Махмуд Абас,со претседателот на Израел Реувен Ривлин и со јорданскиот крал Абдулах 2. Тие контакти придонесоа ситуацијата да се смири, но сепак не можеме слободно да кажеме дека се е завршено. Никој точно не може да каже кога и каде пак може да ескалира. Сите ние ,на чело со Нетанјаху треба да бидеме свесни за тоа дека Хареми Шериф претставува свето место за трите световни религии и дека никој не може да каже дека тоа им припаѓа само на ним.Тоа е апсолутно незамисливо.“

Претседателот Ердоган во продолжение од интервјуто се осврна на односите на Турција со африканските земји за кои рече дека се одвиваат во позитивен правец и додаде: „Кога дојдов на оваа функција Турција во Африка имаше само 12 амбасади, а сега има 39 .Целта е да се покрие цела Африка со турски амбасади. Министерството за надворешни работи вредно работи на остварување на оваа цел. Доколку продолжи солидарноста меѓу Турција и Африка во сите полиња, верувам во тоа дека Африка која се користи како колонија ќе се крене на нозе и ќе се освести.“

 

 



Слични вести