Секоја година се повеќе туристи го посетуваат Памуккале

Познатото туристичко место Памуккале,во текот на годината привлекува голем број туристи кои уживаат во убавината на тој крај.

Секоја година се повеќе туристи го посетуваат Памуккале

Познатото туристичко место Памуккале во југозападниот дел на Турција, во близина на Денизли, во текот на годината привлекува голем број туристи кои уживаат во убавината на тој крај.

Ова туристичко место има 17 извори од кои извира вода со температура од 35 до 100 степени Целзиусови. Памуккале буквално значи „дворец од памук“ и е едно од највпечатливите чуда на Турција, а се наоѓа и на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Покрај домашните туристи, во Памуккале може да се сретнат туристи од сите европски земји, како и од Кина, Јапонија, Јужна Кореја.

Газа Мурат Шен, директор на Здружението на хотелиери и туристички работници, потврди дека во ова туристичко место во последните неколку години е забележано зголемување на бројот на странските туристи.

Според него, во моментов е забележано големо движење, кога станува збор за секторот туризам. Шен истакна дека туристите кои доаѓаат во Памуккале следната година сакаат да го повторат тоа патување.

Од Кина пристигна и 23-годишната Aимин Aнгаг. Таа за првпат е во овој дел на Турција, кој навистина многу ѝ се допадна.

„Многу е убаво да се помине одморот во Турција. Тука сум со пријателите. Се чувствувам многу среќна“, рече Aнанг.

И Џија Лиаминг е многу среќна бидејќи одморот го поминува во Турција. Во Памуккале пристигнала со своето семејство. 

И Алекс Саманта од Велика Британија летува во Памуккале со својата сопруга. И следната година, како што рекоа, тие ќе ја посетат оваа прекрасна земја. 

Памуккале е место со неверојатна убавина и за Јулија Кејтлин и Емилија Бојко која пристигна од Бугарија.

„Оваа година имавме многу барања. Странските туристи кои сакаат да го поминат својот одмор во крајбрежните области доаѓаат тука на еден ден“, објасни Шен.

Памуккале е место со неверојатна убавина  велат туристите кои пристигнуваат од сите краишта на светот.



Слични вести