Ердоган изрази надеж дека заканите меѓу САД и Северна Кореја нема да прераснат во нуклеарен судир

Се надеваме дека заканите меѓу САД и Северна Кореја нема да прераснат во вистински судир. Ова може да доведе до состојба да не биде само помеѓу тие две земји, рече претседателот Ердоган

Ердоган изрази надеж дека заканите меѓу САД и Северна Кореја нема да прераснат во нуклеарен судир

Претседателот Реџеп Таип Ердоган, изрази надеж дека заканите меѓу САД и Северна Кореја нема да прераснат во судир со нуклеарно оружје.

„Околу 16 земји во светот достигнаа сериозно ниво кога станува збор за развојот на нуклеарното оружје. Меѓу нив се и трите земји чиј потенцијал во оваа смисла е огромен. Се надеваме дека заканите меѓу САД и Северна Кореја нема да прераснат во вистински судир. Ова може да доведе до состојба да не биде само помеѓу тие две земји. Тоа би можело да иницира многу други закани. Се надевам дека во врска со тоа прашање ќе биде постигнато политичко решение“, рече Ердоган.

Претседателот Ердоган во врска со ограничувањата кои што се предвидуваат на граничниот премин Џилвеѓозу рече : Моментално ние сме тука за пружање на хуманитарна помош,во вид на храна,лекови,облека и друго.Но секако дека нема да дозволиме да се пренесува оружје. Што се однесува до Идлиб тука сме во тек со преговорите, особено нашата разузнавачка служба е многу активна во контактите со Русија околу Идлиб.

Околу најавената посета на германска владина делегација на НАТО базата во Коња претседателот Ердоган рече дека се работи за сосема поинаков случај од оној на базата Инџирлик. Во моментот преговорите и сите придружни активности ги водат наддлежните министерства и можам слободно да кажам дека се се одвива во позитивна насока.



Слични вести