Еден  војник загинал а еден бил ранет во престрелката со терористи на ПКК во Бинѓол

Турскиот генералштаб соопшти дека во воените операции на војската против терористите на ПКК во последните 7 дена биле неутрализирани 32 терористи на ПКК.

Еден  војник загинал а еден бил ранет во престрелката со терористи на ПКК во Бинѓол

Еден  војник загинал а еден бил ранет во престрелката со терористи на ПКК во близина на населеното место Генч кај Бинѓол.

Ранетиот војник бил веднаш префрлен во болница на лекување и се наоѓал вон животна опасност.

Во меѓувреме турскиот генералштаб соопшти дека во воените операции на војската против терористите на ПКК во последните 7 дена биле неутрализирани 32 терористи на ПКК.

Освен тоа биле уништени скривалишта, складишта за оружје и муниција, воедно и дека биле запленети околу 200 корени канабис, 346 килограми дрога, 6.726.102 штреки шверцувани цигари и 90.000 литри шверцувано гориво.

Парите собрани на ваков нелегален начин терористичката организација ПКК ги користи за финансирање на сопствените терористички активности.

 

 

 

 



Слични вести