Европа не треба да подигнува ѕидови туку треба да поставува мостови за бегалците

Министерот за евроинтеграции и главен преговарач на земјава со ЕУ Омер Челик изјави дека Европа не треба да подигнува ѕидови туку дека треба да поставува мостови за бегалците

Европа не треба да подигнува ѕидови туку треба да поставува мостови за бегалците

Министерот за евроинтеграции и главен преговарач на земјава со ЕУ Омер Челик изјави дека Европа не треба да подигнува ѕидови туку дека треба да поставува мостови за бегалците.

Министерот Челик ова го напиша на својот Твитер профил во врска со веста дека Седрик Хероу од Франција бил осуден на казна затвор само затоа што им помогнал на бегалци. Челик вели дека тоа не е прв случај во Европа, бидејќи и порано имало случаи на казнување на луѓе кои им делеле топли чорби на бегалците.

Министерот Челик додава дека во одредени земји во Европа општините поставувале камења под мостовите за да ги спречат бегалците да ноќеваат под мостовите, па дури и дека во кампот кај  францускиот град Кале полицијаа ги спречувала жителите кои сакале да им помогнат на бегалците кои престојувале во доста лоши услови.

Европа, вели министерот Омер Челик, не треба да подигнува ѕидови туку дека треба да поставува мостови за бегалците.

Потсетувајќи дека единствената земја која ги прифати бегалците беше Турција, министерот Челик во продолжение од својата Твитер порака пишува дека, Исламот проповеда дека треба да им се помогне на слабите и бездомниците.

 

 



Слични вести