Ибрахим Калин : Да се биде на овој свет,но да не се биде од овој свет

Да се биде на овој свет,но да не се биде од овој свет претставува интелектуален и етички предизвик со кој што се соочуваме денеска.

Ибрахим Калин : Да се биде на овој свет,но да не се биде од овој свет

Да се биде на овој свет,но да не се биде од овој свет претставува интелектуален и етички предизвик со кој што се соочуваме денеска. Да се живее на овој свет без да се негира неговото материјално присуство и без да му се покорува. Успех претставува да се ужива во животот без да ја изгубиме конечната цел зa постоењето на овој свет.

Една од критиките на западните религии и во ориенталистичките кругови на Исламот е тоа што како што тврдат тие кога Исламот ќе се спореди со Христијанството дека Исламот е премногу световна религија. Христијанските полемичари спротивно од Исус за пејгамберот Мухамед велат дека премногу се интересирал за световните и политичките работи. Згора на тоа дека Исламот не претставува религија, туку дека е идеологија. Овие тврдења се засноваат на лажни и погрешни поими. Исламот не го оспорува егзистирањето на светот,но во исто време не е толку близок кон световното. Тенката нишка која тука треба да се потенцира е дека треба да се живее на овој свет без да му се служи на светот.

Да им се даде поголемо значење од тоа што го заслужуваат на предметите, да се однесуваме знаејќи го нашето ништожно место и значење пред Бога бара многу повеќе интелект ум и вештина. Светот е превез и место за разонода, ниту еден човек не би требало да се изгуби себеси во тоа. Човековиот интелект и чест се сосема свесни за минливоста на овој свет. Светот како уметничка творба на Господ од една страна ја покажува сета негова слава, дизајн и милост. Светот е многу повеќе од  зборот на сета физичка и материјална особина. Светот може да биде збор од болка, мака и насилство но во исто време  може да биде и збор на знаењето, љубовта, пријателството, нежноста и милосрдието. Сето ова пак не тера да го поставиме прашањето: како можеме сериозно и значајно да живееме без да му се предадеме на светот ?

Тоа не претставува само појмовно прашање. Тоа истовремено го обликува начинот како ќе можеме да стапиме во интеракција со светот околу нас. Тоа ги определува патиштата на изградба и на уништување на светот.  Ова е прашањето кое што се наоѓа во срцата на сите цивилизации. Тоа е едно такво прашање на кое ниту модерниот свет не може да го најде одговорот.

Класичните муслимански мислители и научници секогаш имале сериозен пристап кон физичката реалност на светот, дури може слободно да се каже дека никогаш не му давале смисла на  нешто што произлегло самото по себе или од самото себе. Тие извршиле детална анализа на физичките суштества на универзумот и развиле напредна и научна наука за природата. Сепак и покрај тоа овој свет на кој тие упорно работеле и стоеле, не претставуваше за нив реалност за самиот себеси. Тие физичкиот свет го анализирале и го дефинирале на една поширока основа како што пишува во Куранот „хајат ал дунја“, световен живот.  Оваа дефиниција може послободно да се преведе како „ живот на овој свет“.

Дефиницијата „животот на овој свет“ опфаќа многу широки размери и претставува контекст на односи како што се добри и лоши односи, егзистенцијална сфера во која материјалните добра согласно физичките и математичките принципи се стекнуваат со поголемо значење. Светот самостојно не е само „објект“ или „место“ на кое луѓето доаѓаат да живеат. Пред се светот е поле на етички вредности во кое се обликуваат контекстот на убедувања/верувања и ставови. Вашиот став кон светот се формира во согласност со целите и сфаќањето за кои живеете.

Во „животот на овој свет“ не се негираат материјалните средства, поради што треба да гледаме од аспект на еден вид етички и духовен предизвик. Од луѓето се очекува на овој свет да му одадат вистинско место и на среќен начин, а притоа никогаш да не ги заборават зборовите на божјиот пратени Мухамед кој вели: бидете странци на овој свет и никогаш немојте се приврзувате кон него. Чекорите по неговиот пат и уживајте во неговите убавини, но бидете свесни дека конечниот крај не е овде.

Овој двонасочен став, кој од една страна бара да не се поврзувате со овој свет, а од друга страна пак да уживате во сите негови убавини, во суштина го покажува средниот пат што го следи исламот во сите ситуации и претставува продолжение на препораката дека треба да се држиме настрана од сите видови екстремизам. Токму поради овие карактеристики, исламот ја изгради најтрајната цивилизација во човечката историја. Муслиманските научници, учени луѓе, уметници, раководители, селани и другите, ги бараа патиштата на хармонија меѓу светот и универзумот испреплетен со сите убавини. Големите материјални и научни успеси што ги постигнаа, никогаш не ги насочија да им се клањаат на материјализмот и овдешните богатства. Но исто така никогаш не ја одбија реалноста на овој свет како што тоа го прават свештениците. Тие на светот секогаш гледаа како на привремено и релативно место, но исто така вложуваа големи напори овој свет да го направат поубав и поправеден. Според Куранот, целиот универзум се во наш аманет и сите оние коишто се сметаат за доверливи, треба да бидат сигурни и убедени. Единствено на тој начин светот ќе може да биде безбедно и доверливо место за сите луѓе.

Интелектуалниот и етички предизвик со кој се соочуваме е да се биде на овој свет, но да не се биде од овој свет. Значи треба да живееме на овој свет без да го одбиеме материјалното постоење на истиот а исто така не треба целосно да му се предадеме. Без да ја изгубиме од вид конечната цел, треба да уживаме во овој свет.

Затоа сите обвинувања дека исламот бил световна религија се неточни и лага. Исламот како религија на нашето постоење на овој свет му придава достојно значење и вредност во контекст на работите без да се заборави основната цел. Исламот не е религија која го негира светот. Тајната на исламот се состои во вистинското сфаќање на правдата и нејзината имплементација односно дека „се треба да се стави на свое место“. Имено кога ќе бидеме праведни кон светот и самите себеси, тогаш се ќе си најде свое место.

Затоа, ние луѓето на светот треба да живееме со цел да ги пребродиме сите пониски карактеристики и да ги достигнеме перфектните етички и духовни вредности кои ќе бидат во услуга на формирањето на светот и целта на аманетот кој ни е оставен. Вистинското и трајно достигнување на нивото на апсолутната вистината, доблест, љубов и среќа може да се оствари единствено ако не се поврземе во вистинска смисла на зборот за овој свет и не заборавиме зошто сме дојдени на овој свет.

 

 

 



Слични вести