Ибрахим Калин:Турција, Германија, Европа,во кој правец одиме?

Турско-германските односи се засновани на далечно минато и не е разумен пристапот таа соработка да се прекине, истакнува Ибрахим Калин,портпарол на претседателот на Република Турција.

Ибрахим Калин:Турција, Германија, Европа,во кој правец одиме?

Турција, Германија, Европа, во кој правец одиме?

Турско-германските односи се засновани на далечно минато и не е разумен пристапот таа соработка да се прекине, истакнува Ибрахим Калин,портпарол на претседателот на Република Турција. Турците, Германците и Европејците мора многу да работат ако сакаат да стојат настрана од  ирационални и неодговорни политики кои можат да им наштетат на сите нив.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган во мај одржа состанок со европските лидери, а на маргините на неодамна одржаниот Самит на Г20, повторно одржа состаноци со нив, се сретна и со германската канцеларка Ангела Меркел. На средбите станало збор за надминување на тензиите настанати за време на априлскиот референдум во Турција за уставните реформи и за одредување нова патека во развојот на билатералните односи. И што се случи? Кога сите очекуваа да се создаде една по поволна клима минатата недела министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел соопшти дека ќе ја преиспитаат политиката спрема Турција. Се поставува прашањето од каде потребата за една ваква политика на преиспитување, и што се крие зад тоа?

Можни се две дневнополитички причини за најавената промена на политиката. Пред се, поради приведувањето на германскиот државјанин кој е вмешан во незаконски активности во Турција. Второ би можеле да бидат тврдењата за започнатата истрага против некои германски фирми во Турција, кои се поврзуваат со терористичката организација ФЕТО. Дури и германската Влада соопшти дека германските државјани и компании не се сигурни во Турција. Меѓутоа, тврдењата во двата случаја се потполно невистинити и неосновани. 

Не постојат никакви закани за странските посетители или бизнисмени во Турција. Случајот на приведување на германскиот државјанин е нешто што се спроведува во рамките на законот и за тоа конечна одлука може да донесе исклучиво судот.

Во Турција не постои црна листа во врска со германските компании. Денес во Турција делуваат 7.000 германски компании, а некои од нив имаат вековна традиција на работење. По минатогодишниот неуспешен обид за државен удар од 15 јули во Турција не е затворена ниту една странска фирма, ниту против која било е започната истрага. Затворените или блокирани фирми се исклучиво во сопственост на ФЕТО.

Турско-германските односи имаат коренито минато и сега нема никакви причини за кинење на овие долговековни врски. Во Турција, секоја година, без никаков проблем доаѓаат илјадници германски туристи и бизнисмени, а во Германија живеат околу 3 милиони луѓе што потекнуваат од Турција. Независно од кој агол се гледа нема причина тие луѓе да се сметаат за закана.

 Владата на канцеларката Ангела Меркел  и сите германски влади во последните 10 години отворено се изјаснуваат дека се против приемот на Турција како полноправна членка на Европската Унија. Но и покрај тоа Турција ја продолжува својата соработка со Германија на различни нивоа и полиња.Постоечкото недоразбирање за темите како што се интеграција и асимилација на Турците во Германија, со турско-германскиот договор запрен е бегалскиот бран кон Европа, а економската соработка забележува позитивни резултати и во овие доста турбулентни времиња.

Сепак за изненадување беше ставот на германските власти пред уставниот референдум на 16 април годинава. Германија им  забрани на турските официјални лица и министри да се среќаваат со турската дијаспора, така да  таквиот потег нема никаква логика и ја изненади Турција. Германија ги дозволи собирите и спроведувањето на кампањи на оние што беа против реформите во Турција, а тоа право не им го даде на застапниците на рефорите. Германските медиуми, институции и политичари кои ја критикуваат Турција поради наводното ограничување на слободата на мирно собирање и говор, тоа истото не му го дозволија на турскиот претседател Ердоган, забранувајќи му да присуствува на мирниот собир на турската дијаспора.

Згора на тоа  што е уште полошо во тој период, и членовите на терористичката организација ПКК во Германија одржуваа митинзи против реформите во Турција, работејќи на оправдување на терористичките напади што ги изведуваат во Турција. Додека турските власти трагаа по голем број членови на терористичката организација ФЕТО, тие беа примани во Германија.

На сето тоа треба да се додаде и медиумската опседнатост со Ердоган во Германија. Текстовите во германските медиуми не личат на сериозни политички анализи, туку на размислувања на човек со пореметен ум.

Сега пак германската Влада најави дека своето влијание ќе го искористи за и другите земји да се свртат против Турција. Тоа е неразумен и ирационален пристап, кој нема да ѝ нанесе штета само на Турција. До кога Германија ќе ја занемарува заканата од ПКК, ФЕТО и од други групи за Турција, како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија? Како би реагирале Германија или било која друга европска држава доколку Турција им дозволи на антигермански средини беспоштедно и немилосрдно да ја нападнат Германија?

Јасно е дека, во сето ова голема улога имаат и изборите во Германија, кои се закажани за септември. Антитурската популистичка реторика на политичарите им носи аплаузи, внимание и гласови. Некои политички групи во Европа не сакаат во огледалото да ја погледат сопствената состојба, па се обидуваат од Турција да направат некаков проблем. Претставувајќи ги Турците како варвари, тие кругови во Европа подобро се чувствуваат и бегаат од темата за невработеноста, расизмот, дискриминацијата во општеството и за слабеењето на европската идеја и вредности. 

Сепак треба да се соочиме со една вистина :За борбата против тероризмот, неправдата и несигурноста во светот, потребна е глобална соработка, така да е неопходно и потребно да се изградат турско-европските односи врз основа на заемно почитување, доверба и интерес за да не дојде до недоверба меѓу Турција и европа од една и Исламот и Западот од друга страна.

Турците, Германците и Европјаните мораат да работат на тоа да се држат подалеку од ирационалниот пристап и од неодговорната политика која им штети на сите.

 

 



Слични вести