Ибрахим Калин :Турција посилна после обидот за воен удар

Сите оние кои им даваат засолниште на ѓуленистите и кои ја оправдуваат нивната предавничка акција, ризикуваат да ја загубат оваа земја и нејзините племенити луѓе

Ибрахим Калин :Турција посилна после обидот за воен удар

Помина година дена од крвавиот обид за воен удар кој што беше изведен од терористичко фетулахистичката организација ФЕТО вгнездена во редовите на турските вооружени сили. Планот кој го коваа повеќе од 40 години, беше спречен за само 24 часа благодарение на цврстата воља на народот. Модерната историја не познава многу случаи на поврзаноста човек-сила како што беше ноќта на 15.јули.

Една година потоа милиони граѓани на Турција се потсетија на неуспешниот обид за воен удар и на загинатите 250 лица во таа ноќ, на убивањето на невини луѓе и на ранувањето на над 2000 лица.Семејствата се потсетија на тие денови кога им објаснуваа на децата што е тоа воен удар и зошто луѓето во униформи кои всушност требаше да го штитат народот пукаа на него. Како народ спречувањето на обидот за воен удар со заеднички сили за нас претставува чин на гордост. Од денот кога престанаа активностите на воениот удар па се до денеска како народ и како држава бевме целосно  преокупирани со мислата на преземање на потребните мерки пред евентуални нови напади на ФЕТО во иднина. Независно од политичката ориентација ,полот или возраста турскиот човек во изминатите 12 месеци повторно се крена на нозе за да ја одбрани демократијата, слободата и независноста и на народот и на државата.

Владата со прогласување на вонредна состојба во земјата и со отстранување на припадниците на терористичката организација ФЕТО од јавните установи, ги спречи во реализацијата на нивниот демонски план за преземање на власта користејќи ја функцијата, која ја злоупотребуваа долги години. Се покажа дека сосема неточно беше тврдењето дека како земја членка на НАТО Турција ќе се соочи со големи безбедносни проблеми со тоа што ги оддалечи фетулахистите од армијата. Напротив, турската армија и полицијата целосно се чисти од ѓуленистите и делува како што се очекува од нив. Само 6  недели по неуспешниот обид за воен удар, турската армија ја реализираше воената операција Штитот на Еуфрат во Сирија задавајќи и тежок удар на терористичката организација ДЕАШ. Во исто време се задаваа силни удари и на другата терористичка организација ,ПКК.

Во меѓувреме турската економија успешно ги преброди шоковите по неуспешниот обид за воен удар и во првиот квартал од 2017 година забележа општ раст од 5 посто. Индексот БИСТ од јануари наваму се покачи за 30 посто што значеше наградување на инвеститорите. Во сето тоа време продолжуваше изградбата на светски најголемиот аеродром во Истанбул како и висечкиот мост над Босфор кај Чанаккале, кои со право го носат називот турски мега проекти.

И конечно ноќта на неуспешниот обид за воен удар, милиони наши браќа од Централна Азија, Јужна Америка, Индонезија, Африка и другите краеви каде што живеат муслимани ја поддржаа Турција и се молеа за неа, за нејзиниот просперитет и мир.Скоро непосредно по веста за воен удар во Турција голем број медијуми од исламскиот свет и голем број муслимански лидери сосема отворено застанаа покрај легитимните турски власти. Милиони излегоа на улиците и ги  исполнија џамиите за да демонстрираат поддршка на Турција и на турскиот народ. Сепак голем број западни држави воопшто не реагираа во тој момент и потоа.Тие дури многу покасно издадоа соопштенија, а некои не го сторија ниту тоа, што секако дека не тера на размислување.

Турција зачекори доста смели чекори напред по неуспешниот обид за воен удар од минатото лето. И покрај тоа што дел од западно европските држави им издадоа азил на пребеганите пучисти, што предизвика затегнатост меѓу Турција и овие држави, сепак  и Турција и ЕУ вложуваат напори за заживување конструктивниот дијалог. Турција во меѓувреме презеде иницијативи на ниво на мировните преговори за Сирија во Астана и на другите нивоа за ограничување на  смртоносната војна во Сирија и за изнаоѓање решение за конфликтот, кој што одзеде голем број невини животи. Освен тоа Турција продолжува да ги реализира и своите политички цели како во Африка, така и во Блискиот исток, Азија и Латинска Америка.

Турција ќе продолжи со реализација на зеднички проекти со пријателите и сојузниците. Впрочем целиот свет треба да прифати дека  Турција нема да прифати било каква дискусија околу изнесувањето пред правдата на сите ѓуленисти и на тие од погорните и на тие од подолните редови на оваа терористичка организација. Сите одговорни ќе бидат изнесени пред лицето на правдата.

За потсетување е дека, неуспешниот обид за воен удар на ѓуленистите во пошироката смисла на зборот претставува обид за окупација, и тоа не само окупација на животот на луѓето и на државните институции туку и на милионите кои бараат праведен и хуман свет, и на срцата и мозоците на милионите луѓе во Анадолија. Сите оние кои им даваат засолниште на ѓуленистите и кои ја оправдуваат нивната предавничка акција, ризикуваат да ја загубат оваа земја и нејзините племенити луѓе.



Слични вести