15 јули 2016 -Епопеја на еден народ

15 јули е епот на повторното раѓање на еден народ. 15 јули е ден ист со денот кога во битката за Чанаккале на непријателот му беше порачано дека не ќе може да го помине Чанаккале,и ист со денот кога беше речено дека Турција е неделива, народот непобедив.

15 јули 2016  -Епопеја на еден народ

Припадниците на терористичката организација ФЕТО инфилтрирани долги години во составот на Турските вооружени сили ноќта на 15 јули 2016 година, спротивставувајќи се на командниот ланец околу 21 часот извршија обид за воен удар. Овој крвав обид за воен удар, подготвуван долги години со партнери од странство за цели ги имаше независноста на Република Турција, претседателот Реџеп Тајип ЕРДОГАН и Националното Собрание на Република Турција. Како главен штаб на воениот удар беше избрана воздушната база Акинџилар кај главниот град Анкара. Предавничкиот обид за воен удар започна истовремено во Анкара и во Истанбул.

Пучистите според претходно подготвен план  за акција како цели ги утврдија висечките мостови над Босфор во Истанбул, градска управа на полицијата, меѓународниот аеродром Ататурк, зградата на Турската радио и телевизија ТРТ, а во Анкара  главната управа  на МИТ (службата за разузнавање), градската управа на полицијата, републичката управа на полицијата, командата на полициската оперативна единица во Ѓолбаши, командата на воздухопловството, командата на специјалните единици, Генералната дирекција на Турската радио и телевизија ТРТ, зградата на парламентот, претседателската палата во Бештепе и Генералштабот на турските вооружени сили. Во нивниот кукавички обид за воен удар пучистите ги користеа сите расположиви воени средства и оружјето, воени возила, тенкови, персонални транспортери, воени авиони, воени хеликоптери, бомби со кои ги бомбардираа своите претходно утврдени цели, улиците, граѓаните, газејќи се пред себе и носејќи ајдуци фетулахисти преоблечени во воени униформи на критчните места.

Група членови на четата пучисти насилно упаѓајќи во студијата на Турската радио и телевизија ТРТ во Истанбул и во Анкара им наредија на спикерите да го прочитаат прогласот подготвен од страна на „Советот за мир во земјата“ како што се нарекоа. Истиот проглас скоро во истото тоа време беше поставен на интернет страницата на Генералштабот на Турските вооружени сили. Во прогласот  се истакнуваше дека Турските вооружени сили ја преземаат власта, дека се донесува забрана за излегување на улица и беше побарано од сите медијуми да го објават прогласот. Потоа беа бомбардирани командата на полициската оперативна единица во Ѓолбаши, парламентот, претседателската палата во Бештепе ТУРКСАТ и градската управа на полицијата.

Ова банда имаше смислено се според нив.Освен една работа: Силата на Аллах и храброста на турскиот народ. Историјата, совеста и верата   помешана со Куранот, езанот и знамето се во карактерот на турскиот народ. Храбрите чеда на турскиот народ кои почувствуваа дека нешто ненормално се случува започнаа да се организираат преку социјалните медијуми, да земат абдест, и да извикуваат Текбири. По извесно време се огласи премиерот Јилдирим „ Се работи за востание на една помала група во рамките на нашата армија, ќе ја добијат заслужената казна.“ Ете потоа се случи тоа што никој не го очекуваше, од сите минариња одекна повикот на СЕЛА. Веднаш потоа на еден телевизиски канал се појави претседателот Ердоган, зеницата во окото на народот и главната цел на кукавичкиот обид за воен удар. Тој го повика народот за излезат на улиците, плоштадите, аеродромите и рече дека нема поголема сила од силата на народот. Ете тоа беше моментот на крајот на кукавичкиот обид за востание, нискиот обид за окупација и предавничката стапица. Веднаш по повикот на претседателот Ердоган до народот, иљадници излегоа од своите куќи на улиците,на плоштадите и до сите места кои ги имаа окупирано пучистите. Со земен абдест, со текбир на усните народот се испречи пред тенковите, пред огнот на воените авиони, хеликоптери, оклопни воени возила. Пучистите отворија оган на невооружениот народ кој смело без трунка страв застана пред нив. На чело со главниот град Анкара во цела Турција во протестите и во отпорот против пучистите животот го положија 248 војници, полицајци и цивили. 1537 лица беа ранети од оружје на војската.

Кога Турција се пробуди следниот ден на 16 јули започнаа да пристигнуваат снимки и фотографии од пучисти кои што се предаваат, селфи фотографии на храбрите јунаци качени на тенкови, како и вестите за тоа дека биле ослободени киднапираните офицери кои се држеа во воената воздушна база Акинџилар. Пред вечерните часови истиот ден, сите државни институции, главни улици, касарни и воени единици беа почистени од пучистите.

15 јули е епот на повторното раѓање на еден народ. 15 јули е ден ист со денот кога во битката за Чанаккале на непријателот му беше порачано дека не ќе може да го помине Чанаккале,и ист со денот кога беше речено дека Турција е неделива, народот непобедив. На 15 јули сите наши деца станаа младинци, а сите младинци зрели личности.

Тој ден нашето знаме беше небото.

Селата ни беше химната.

Такбирите ни беа паролите.

Со нашите шехиди и со нашите јунаци Анадолија уште еднаш стана наша татковина. Тој ден бевме сведоци на тоа како еден лидер ја слави победата на собирањето на народот околу добрината и правдата. Тој ден непријателот беше поразен, а ние пораснавме. Тој ден станавме сведоци на тоа како еден народ ја напиша својата нова химна.Тој ден научивме дека со пружање отпор, со збиење на редовите вечно ќе ја чуваме татковината, знамето и езанот.Тој ден на пријателот и на непријателот му покажавме како се станува голем народ и голема држава.

Тој ден ние напишавме еп.

 



Слични вести