Алексеј Јерхов нов амбасадор на Русија во Турција

Претседателот на Русија Владимир Путин донесе указ за поставување на Алексеј Јерхов за амбасадор на Руската Федерација во Анкара

Алексеј Јерхов нов амбасадор на Русија во Турција

Претседателот на Русија Владимир Путин донесе указ за поставување на Алексеј Јерхов за амбасадор на Руската Федерација во Анкара.

Јерхов ќе го замени поранешниот руски амбасадор во Анкара Андреј Карлов кој загина во атентат во декември 2016 година.

Јерхов инаку е поранешен генерален конзул на Русија во Истанбул. Досега ја извршуваше функцијата директор на кризната маса во МНР на Русија.

По убиството на Андреј Карлов местото амбасадор на Русија во Анкара стоеше празно се до назначувањето на Јерхов.

 



Слични вести