Пораки на лидерите по повод 19 мај

Генералштабот на веб страницата на интернет сподели плакат по повод 19 мај на која пишува „Да ни е среќен 19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и празник на младоста и спортот“

Пораки на лидерите по повод 19 мај

По повод 19-ти мај, Денот на сеќавање на Ататурк и празник на младоста и спортот, претседателот на републиката и лидерите на политичките партии објавија пораки со честитки.

Претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган во пораката рече дека 19-ти мај е предвесник на ослободувањето на турскиот народ и извор на гордоста. Факелот на револуцијата кој на 19 мај 1919 година беше запален под водство на Гази Мустафа Кемал Ататурк е многу значаен настан кој дене се слави како празник на Младоста и спортот.

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Исмаил Кахраман во пораката рече дека 19 мај не треба да се третира само како еден ден од историјата.

19 мај е ден кога турскиот народ ја започна својата борба за слобода и независност, духовниот и национален идентитет, без да потклекне на империјализмот.

Премиерот Бинали Јилдирим во пораката преку профилот на социјалните мрежи им го честиташе празникот 19 мај, Ден на сеќавање на Ататурк и празник на младите и спортот на сите граѓани на земјава и сите млади ги поздрави со љубов.

Претседателот на главната опозициона Републиканска народна партија Кемал Киличдароглу во пораката по повод 19 мај рече:

19 мај 1919 година е ден кога народот ја започна борбата за слобода, ја презеде судбината во свои раце и ги скрши прангите кои ги врзуваше. Вечна им слава на големиот лидер на Народноослободителната борба, основоположителот на Републиката, Големиот Ататурк и сите херои кои учествуваа и загинаа во оваа борба.

Министерот за младина и спорт Акиф Чагатај Килич во пораката рече дека факелот на слободата и независноста кој беше запален во Самсун и светиот марш продолжи со учеството на младите во првите редови против обидот за воен удар на 15 јули.

Вечна им слава на Гази Мустафа Кемал Ататурк и сите херои кои учествуваа во Народноослободителната борба. Во име на сите млади и во свое име им го честитам 19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и празник на младоста и спортот на сите граѓани на земјава, рече министерот Чагатај.

Од друга страна пак, Турските вооружени сили изготвија плакат по повод 19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и празник на младоста и спортот.

На плакатот кој беше споделен на веб страницата на Генералштабот, покрај фотографијата на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк се наоѓаат младите со турски знамиња во рацете на која пишува „Да ни е среќен 19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и празник на младоста и спортот“.



Слични вести