На 25 мај претседателот Ердоган ќе се состане со Туск и Јункер

Во рамките на Самитот на НАТО во брисел се планира претседателот Ердоган да одржи билатерални средби со лидерите на некои земји сојузнички

На 25 мај претседателот Ердоган ќе се состане со Туск и Јункер

На 25 мај претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе се состане со претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Главниот портпарол на Европската комисија Маргаритис Шинас во изјавата за печатот рече дека средбата меѓу Ердоган, Туск и Јункер ќе се одржи на 25 мај во Брисел.

Шинас не даде детални информации во врска со местото на одржувањето на средбата.

Претседателот Ердоган на 25 мај ќе учествува на Самитот на НАТО што ќе се одржи по повод свеченото отворање на новото седиште.

Во рамките на Самитот се планира претседателот Ердоган да одржи билатерални средби со лидерите на некои земји сојузнички.

Исто така и лидерите на некои европски институции изразија желба за одржување средба со претседателот Ердоган. Најпрвин Ангела Меркел веднаш по Самитот на лидерите на ЕУ на 29 април имаше изразено желба за одржување средба со претседателот Ердоган.



Слични вести