Денес е 19-ти мај, Ден на сеќавање на Ататурк и празник на младоста и спортот

Првата свечена манифестација во Анкара се одржа во Мавзолејот на Ататурк.

Денес е 19-ти мај, Ден на сеќавање на Ататурк и празник на младоста и спортот

Денес се навршуваат 98 години од моментот кога беше запален факелот на ослободувањето и независноста на Големиот турски народ и се фрлија првите чекори на патот за формирањето на Република Турција.

Овој голем ден во историјата на Турците се слави со голема радост и манифестации во земјава и надворешните конзуларно-дипломатски претставништва.

По повод 19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и празник на младоста и спортот, првата свечена манифестација во Анкара се одржа во Мавзолејот на Ататурк.

Делегацијата предводена од министерот за младина и спорт Акиф Чагатај Килич постави венец на мавзолејот на Ататурк.

Нешто потоа министерот Килич ќе ги прими младите.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган делегацијата на младите ќе ја прими во 14.30 во претседателскиот дворец во Бештепе.

Премиерот Бинали Јилдирим младите од 81 град на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе ги прими во 16.30 часот.

Претседателот на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу од центарот на Анкара Кизилај заедно со младите ќе учествува во маршот што ќе се одржи до Мавзолејот на Ататурк.



Слични вести