Референдум, победа на демократијата

Новиот државен систем на Турција ќе започне да функционира во ноември 2019 година. Со тоа ќе им стави крај на периодите на слабите и нестабилни коалициони влади а не нивно место ќе функционира систем кој уште повеќе ќе ја зајакне турската демократија.

Референдум, победа на демократијата

Турција на 16 април годинава спроведе еден историски референдум. На референдумот кој што беше успешен гласаа 85 насто од граѓаните со право на глас. Повееќето од половината се изјаснија за уставните реформи кои предвидуваат  воведување на претседателски систем во Турција. Она што е важно да се истакне за овој референдум е тоа што за прв пат во модерната историја на Турција се спроведе референдум кој не беше на пучистите,туку на народот.т.е. народот се изјасни за тоа на кој начин ќе биде државното уредување на земјата.

Новиот државен систем на Турција ќе започне да функционира во ноември 2019 година. Со тоа ќе им стави крај на периодите на слабите и нестабилни коалициони влади а не нивно место ќе функционира систем кој уште повеќе ќе ја зајакне турската демократија.Од 1960 година најмалку 4 влади избрани на директни парламентарни избори беа соборени со воени удари.Во рамките на парламентарниот систем дизајниран од страна на воените режими, беа формирани коалициони влади со краток рок на траење кои ја парчосуваа политичката арена на земјата и ја слабеа економијата,отворајќи го на тој начин патот за нови воени удари.

Новиот систем предвидува воведување и функционирање на претседателски систем. Претседателот на државата ќе биде носителот на врвната власт во земјата, преку директен избор на граѓаните.Новиот систем ќе ги зголеми овластувањата како на претседателот на државата така  и на парламентот.За прв пат во историјата на модерна Турција пратениците ќе поднесуваат интерпелација за претседателот на државата, воедно ќе можат да прогласат вонредни избори за смена на врвот.Со други зборови кажано новиот државен систем ќе содржи механизми со кои ќе се ограничат функциите на претседателот на државата.

...................

 После референдумот во јавноста се појавија низа шпекулации за самото гласање на уставниот референдум. Опозицијата која и на овој референдум доживеа пораз, поднесуваше приговори за нерегуларности на гласањето,но без докази и без поткрепа, дури и се обрати до Државниот изборен совет со барање за прегласување.Нивниот основен аргумент беше тврдењето дека кај дел од гласачките пликови немало печат кој требало да го стават членовите на изборните комисии,така да гласовите од овие пликови требало да се прогласат за неважечки. За иронија само истата таа опозициона партија на изборите во 2015 година тврдеше дека грешките на изборните комисии на гласањето не би требало да бидат причина за  поништување на изборните резултати. Државната изборна комисија како што беше честопати од 1984 година наваму имаше исто мислење како и опозицијата.

Ако се земе во предвид фактот дека во секое избирачко место постоеше претставник и од двете страни, тогаш не држат тврдењата за нерегуларности кај изборните комисии.Згора на тоа  претставниците на опозиционите партии во секоја изборна единица дозволија за важечки да се прогласат гласачките ливчиња на кои немаше печат.

Од друга страна меѓунариодните набљудувачи не се покажаа како неутрални туку во извештаите кои што ги објавија за референдумот остовремено ја поддржаа опозицијата. Истото го направија и странските медиуми. Не треба да се запостави фактот дека во социјалните мрежи се појавија фотографии на меѓународните репортери сликани заедно со припадници на терористичката организација ПКК и нејзиното знаме.

И покрај сета оваа бука и галама што се крена после уставниот референдум од 16 април годинава, Турција зачекори џиновски чекор напред кон појака демократија. Следува период на поголема и по обемна работа.

..............................

Пред одржувањето на референдумот на дневен ред често се поставуваа прашањата за односите на Турција со ЕУ.Дел од западно европските држави ги спречија турските министри да одржат на средби со Турците во Европа, но за жал им дозволија на симпатизерите на ПКК да одржуваат протетни митинзи против Турција. Ете сиве овие настани ја ослабеа довербата на Турција во ЕУ.

Од референдумот наваму десните средини во Европа им велат на Турците кои таму живеат да се вратат дома.Тоа создава недоверба и се поставуа прашањето дали европските лидери сакаат да се разделат од Турција втора земја во НАТО според  армијата. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган побара од Брисел да се однесува искрено кога е во прашање приемот на Турција во членство во ЕУ. За жал европските лидери не ја исполнија својата задача кога е во прашање бегалската криза. Турција прифати над 3 милиони бегалци од Сирија и несебично одвојува дел од својот национален доход за обезбедување на хуманитарна помош за бегалците.

Од друга страна турската армија во заедничко делување со силите на слободната сириска армија ослободи  територија од околу 2000 квардратни километри од рацете на терористичката организација ИШИД во северот на Сирија. Воени единици на Ирак обучени од страна на турската војска успешно се бори против терористите на ИШИД и во Ирак.Сојузниците можат да имаат целосна доверба во Турција во делот кој што се однесува на воспоставување на мир и стабилност во Блискиот Исток.

Турскиот народ кој на уставниот референдум се изјасни со Да, им стави крај на слабите и краткорочни коалициони влади, кои во периодот од 1970-90 и предизвикаа големи штети на турската економија.

Секоја земја се соочува со свои проблеми,но таа истовремено зема поуки од своето минато. Најдобра поука за турскиот народ во 20.век беше воспоставувањето на политичката стабилност во земјата.Милиони Турци се изјаснија за реформи кои ќе ја гарантираат иднината на следните генерации.



Слични вести