Ибрахим Кали:Идејната и духовната распарченост во исламскиот свет

Портпаролот на кабинетот на претседателот на републиката Ибрахим Калин објави статија за весникот Дејли Сабах на англиски јазик

Ибрахим Кали:Идејната и духовната распарченост во исламскиот свет

Портпаролот на кабинетот на претседателот на републиката Ибрахим Калин објави статија за весникот Дејли Сабах на англиски јазик под наслов:

 

                 Идејна и духовна распарченост на исламскиот свет

 

Исламскиот свет треба што поскоро да се ослободи од духовната сиромаштија во која е западната и повторно да ги изгради своите интелектуални и етички рамки.Од една страна да остане прврзан кон своите вековни традиции и корени а од друга да има поширок поглед кон светот.

 

Исламскиот свет е поделен, сиромашен и страда од лоши државни управи. Политички поделби, секташки и племенски судири, окупации, воени интервенции, неуспешни државни управи и слаби власти взалудно ги трошат природните богатства и човечките ресурси на овие земји.Од друга страна она што е уште поважно и по загрижувачко од политичките делби и распарченоста е идејната распарченост која муслиманскиот свет го води кон бездна.

Муслиманските империи,држави и емирати профитираа од политичките делби и од војните за политкска превласт.И покрај тоа  муслиманските држави кои што се протегаат почнувајќи од Балканот па се до Африка, Блискиот исток и Југоисточна Азија секогаш живееја со фантазијата на заедништво.Најсилната страна на народот во овие држави беше идејата за интелектуално единство.Денес мулиманскиот свет треба пак да вложи сили за да си ја изнајде оваа своја духовна сила.

 

Интелектуалниот поглед на традиционалните муслимански општества се базираше на смисла за правда и правичност и на доблест. Освен тоа верата како и љубовта кон Аллах беше онаа цврста нишка која ги спојуваше сите членови на муслиманските заедници. Луѓето како дел од својата вера го сакаат Аллах, ја сакаат природата и ги сакаат и другите луѓе. Овој свет им е оставен во аманет на луѓето така да од нив се очекува да го почитуваат тој аманет. Овој поглед на свет истовремено  ја брани и тезата за минливоста на животот .Овој свет во кој што живееме не стои на нозе самиот по себе, бидејќи не е  предмет кој може да биде доволен на самиот себеси. Тој свет егзистира за да послужи за една цел а тоа е целта на човекот кој е смртен да му се овозможи да си има своја вера, доблест и можности. Само нашите добри дела можат да бидат мерило за нашата доблест.

 

Овој одреден поглед на свет и неговото значење за човекот им беше вдаховено на сите луѓе во исламскиот и муслиманскиот свет и тоа почнувајќи од обичниот и простиот земјоделец па се до занаетчијата, научниците,архитектите,трговците и до државниците, сите тие го имаа вдишано интелектуалниот и духовниот воздух на љубовта кон севишниот ,љубов која е над сите овоземни проблеми и секирации.Војските, војните и империите сите тие постоеја за да ги снема,но она што сеуште трае и што е трајно е етичкото ткиво на муслиманските заедници и на муслиманските општества.

Не може да се каже дека е случајно тоа што сиот процит во муслиманските држави било на културен ,едикативен и на уметнички план беше реализиран во периодот на големите окупации на Крстоносците во периодот на силните монголски наезди и освојувања. Крстоносците го освоија Ерусалем во 1099 година и предизвикаа толку големо крвопролевање кое што овие свети земји дотогаш не го имаа видено. Монголските наези бие толку изненадни и силни што рушеле и убивале се пред себе. Во 1258 година кога го освоија Багдад низ неговите улици течеа потоци крв и тоа со денови.Тие сосема ја уништија порано многу силната династија на Абасините. Меѓусебните војни на муслиманите кои беа доста интензивни во 12 и во 13 век па и подоцна продолжија така да се каже скоро без прекин. Сепак ниту една од овие војни и окупации не го спречи развојот на науката и културата во муслиманските држави. Имам Газали, Фахри ел дин ел Рази, ел Сујути, Ибн Сина, Ибн Рушид, Ибн Хазм, Ибн Туфајл. Ибн Бајјах, Меввлана Џелаледини Руми, Ибн Араби, Сухраварди ел Бируни, Насир ал Дин ал Туси, Ибн Халдун и  другите успеаја да изградат една универзална културна империја и покрај неповолното политичко и воено опкружување на нивните земји, кога тие твореа и беа во нивниот зенит во творештвото.

Војните кои што се водеа на широки теритоии и пространства негативно се одразуваа како на животот на обичните граѓани така и на интелектуалните и уметничките средини, но тоа не е никаква причина за да се оправда интелектуалната мрзеливост и етичкиот конформизам. Туку напротив овие периоди претавуваа можност за интелектуалните средини за поеластично и поодговорно реализирање на нивните задачи.

Оригиналните дела на исламските филозофи и научници, како и нивните несогласувања и дискусии по одредени филозофски или конкретни материјални теми е општо позната работа.Тоа не значи дека тие немаа свој оригинален поглед на светот. Тие се раководеа од мотото „единство во шаренилото“ бранејќи се дека не делуваат и не творат во хаотична состојба.

ЗА жал сведоци сме на тоа дека денес овие непишани правила како да не важат во муслиманскиот свет. Исламските интелектуалци ниту чувствуваат коренита приврзаност кон своите традиции, ниту пак го имаат прифатено моделот на секуларизмот како модел на новиот свет.Тие како да останаа заробени некаде на средината меѓу славното минато, сегашност полна со судири и неизвесна иднина. Во свет кој што се повеќе се глобализира со секој изминат ден се менува нашиот поглед на свет. Резултатот за жал се поделби на идејна и на духовна основа.Постојните разлики стануваат се подлабоки,се повеќе се дистанцираме меѓу себе и се повеќе одиме кон судири на кои како да не им се гледа крајот.

Муслиманскиот свет треба што поскоро да се спаси од овој сиромашен свет и повторно да го изгради сопствениот интелектуален и дувен свет, останувајќи цврсто врзан за своите традиции и корени.

 

 



Слични вести