Турција е веќе во позиција на земја самата да одлучува за сопствената иднина

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган даде интервју за американскиот телевизиски канал А Њуз.

Турција е веќе во позиција на земја самата да одлучува за сопствената иднина

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган истакна дека после секој разговор со американскиот претседател Доналд Трумп неговите надежи стануваат се поголеми.

Ердоган ова го изјави во интервју за американската телевизија А Нјуз и додаде дека со претседателот Трамп ќе се сретне на 16 и на 17 мај во Вашингтон.

Сметам дека сегашната американска админстрација е поискрена од претходната во однос на барањето на Турција за испорачување на челникот на терористичката организација ФЕТО, Фетулан Ѓулен. Убеден сум дека американците ќе се заинтересираат за човекот кој знае да изјави дека раководи со 170 земји,рече претседателот Ердоган.

Во однос на уставниот референдум што се одржа минатата недела претседателот Ердоган рече дека референдумот послужи за воведување на претседателски систем во Турција во 2019 година но дека не станува збор за промена на режимот во земјата.

Претседателот Ердоган во продолжение се задржа на ставот на дел од западните земји кон Турција и рече дека за жал кај нив се евидентни појави на расизам и нацизам.

За жал добивме одредени фотографии на кои се гледа како одредени лица кои беа ангажирани во Турција од страна на ОБСЕ како набљудувачи на гласањето за референдумот во неделата, контактираат со терористичката организација ПКК, што значи дека ја нарушуваат довербата во ОБСЕ.Турција води крвава битка против терористите, така да во последните 20 месеци околу 11 000 терористи на ПКК беа неутрализирани од страна на турските сили за безбедност и армијата.

За осетно затегнатите односи на релацијата Анкара-Брисел претседателот Ердоган рече дека Унијата се однесува доста дволично кон Турција,така да е време да се корегира и јасно да си ги каже вистинските намери.Ако е потребно ние прашањето ќе го поставиме на референдум за самиот народ да се проискаже. Се прашуваме дали ние во последните 54 години живеевме во ЕУ? Дали живеевме од помошта на ЕУ? Во последните 14-15 години Турција за три пати се разви.Дали тоа го остваривме благодарени на ЕУ? Турција е веќе во позивија на земја самата да одлучува за сопствената иднина.

Претседателот Ердоган на крајот ја повика ЕУ да биде искрена кон Турција и додаде: Вие од терористи правите известувачи, и барате од нив да подготват извештај за референдумот во Турција. Тоа е сосема нептифатливо за нас.Сите досегашни извештаи што ги подготвивте за Турција се идеолошки, а целта ви е со тие извештаи да ја осудите.Ве уверувам дека од сега натаму работите нема да се одвиваат како досега,истакна претседателот Ердоган во интервју за американскиот А Њуз канал.

 



Слични вести