Високиот изборен совет ги одби сите жалби за нерегуларности на референедумот за уставни измени

10 членови гласаа против, додека 1 гласаше за

Високиот изборен совет ги одби сите жалби за нерегуларности на референедумот за уставни измени

Високиот изборен совет ги одби сите жалби кои беа поднесени по повод референдумот за уставни измени што се одржа на 16 април. Советот жалбите ги одби со 10 против 1 глас.

Високиот изборен совет ги разгледа жалбите на опозиционите партии Републиканската народна партија (ЏХП), Демократската партија на народите (ХДП) и Партијата Ватан (Татковина) во врска со неправилностите на гласањето на референдумот за уставните измени и неговото поништување.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Високиот изборен совет беше истакнато дека жалбите кои беа поднесени за поништување на референдумот поради нерегуларности беа разгледани на состанокот на Советот и на крајот на дискусиите, секоја жалба беше посебно изгласана. 10 членови гласаа против, додека 1 гласаше за. Жалбите беа одбиени со мнозинство на гласовите.



Слични вести