Децата не треба да ја плаќаат цената на војните кои ги предивикуваат постарите

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган прими делегација составена од деца од неколку земји кои допатуваа на фестивалот на детето во Турција.

Децата не треба да ја плаќаат цената на војните кои ги предивикуваат постарите

По повод 23 април Меѓународниот фестивал на детето претседателот Реџеп Тајип Ердоган прими делегација составена од деца од неколку земји кои допатуваа на фестивалот во Турција.

Претседателот Ердоган во обраќањето кон децата рече дека децата не треба да ја платат цената на војните кои ги предизвикуваат постарите.

Нешто потоа претседателот Ердоган рецитира стихови од поемата „ Малото девојче“ на познатиот турски поет Назим Хикмет.

Претседателот Ердоган во продолжение рече:

Да не се убиваат децата,

Децата не треба да ја плаќаат цената на војните кои ги предивикуваат постарите,

Нежните тела да не ја плаќаат цената на индиферентноста на постарите,

Ние сакаме децата да живеат,

Да живеат за да може да придонесуваат во изградбата на еден поубав свет,

И што е уште поважно децата да се чувствуваат безбедно и да бидат опремени со најпотребните работи како што се храната,облеката,образованието и друго.

Турција истакна претседателот Ердоган пружа помош и поддршка за децата во голем број земји ширум светот.Таа е втора земја во светот после САД која донира најмногу за децата.Турција го прави тоа затоа што смета дека секогаш треба да биде покрај тие кои имаат потреба од помош и поддршка.

 

 

 



Слични вести