16 април историски ден за турската демократија

16 април 2017 година ќе послужи за воспоставување на една поволна атмосфера за Турција за разгледување на домашни и регионални прашања воедно и за јакнење на демократските придобивки во земјата

16 април историски ден за турската демократија

Во својата статија за весникот Дејли Сабах под наслов  „16 април историски ден за турската демократија“ портпаролот на кабинетот на претседателот на републиката Ибрахим Калин вели: Историскиот ден 16 април 2017 година ќе послужи за воспоставување на една поволна атмосфера за Турција за разгледување на домашни и регионални прашања воедно и за јакнење на демократските придобивки во земјата.

Милиони граѓани на Република Турција на 16 април во неделата се изјаснија за воведување на претседателски сиситем во државата,наместо постојниот парламентарен.

На референдумот за измени на уставот кој предвидува воведување претседателски систем гласаа 86 насто од избирачите од кои 51,4 насто се изјаснија За реформи.Според тоа 16 април 2017 година ќе остане забележан како историски настан во поновата историја на Република Турција.

Во продолжение на статијата Ибрахим Калин пишува :

Република Турција од 2002 година под лидерството на претседателот Реџеп Тајип Ердоган влезе во период на политичка  стабилност. Сепак и покрај тој голем успех постоеше опасност земјава после 16 април годинава пак да се врати во периодот на коалиционите влади,кои донесуваа само несигурност и слабо функционирање на државниот апарат. Сега со овој референдум  ид со уставните измени турскиот народ ќе може на следните избори во 2019 година да избере претседател кој директно ќе одговара пред народот и парламент во нов состав.

За да биде избран на директен начин преку избори претседателот на државата кој ќе има мандат од 5 години ќе треба да ја  обезбеди поддршката на мнозинството. Новиот систем предвидува  парламент кој ќе донесува закони, ќе поднесува интерпелација за претседателот на државата, па дури и негово сменување. Новиот систем ќе функционира на база на силни сопирачки и уравнотежен механизам, така да претседателот на државата и парламентот ќе мора да постигнуваат консензус по главните и витални прашања за државата.

Еден друг важен сегмент на референдумот беше тоа што истиот ја доби поддршката на граѓаните од Југоисточниот дел на Турција. Овон настан јасно покажа дека населението од овој дел на Турција го негира и се дистанцира од тероризмот, дека ги поддржува демократските реформи, инвестирањата во овој дел на земјата, јавниот поредок и борбата против тероризмот. Претседателот Ердоган и владата кои прават јасна дистинкција меѓу Курдите и ПКК ја добија довербата на граѓаните од овој дел на Турција. Тоа на сосема јасен начин беше забележано на референдумот за уставни измени.

Ибрахим Калин во продолжение од статијата се осврнува на дел од западните медоуми и дел од западните држави кои со нивното однесување ја загубија довербата на Турција и на турскиот народ.

Калин за тоа пишува: Однесувањето на дел од европските држави пред и за време на референдумот за уставни измени предизвика силни реакции во Турција и на тој начин ги даде првите сигнали за тоа како ќе излегаат во иднина односите на Турција со Европа. Факт е дека дел од европските лидери отворено застанаа на страната на средините во Турција кои беа против уставните реформи. Тие тоа го направија не водејќи сметка за дипломатските правила и на дипломатскиот кодекс на однесување и на тој начин предизвикаа резигнираност кај турското население.

Во продолжение Ибрахим Калин се осврнува на извештајот на посматрачите на ОБСЕ и на Интерпарламентарното собрание на Европската Унија во врска со текот на гласањето на референдумот во Турција и пишува:

Во извештајот објавен во понеделникот ,следниот ден после одржаниот референдум во Турција, беше подвлеќено дека техничките аспекти од референдумот беа добро реализирани,но дека кампашата не беше реализирана на еднаков начин. Се покажа за жал дека дел од членовите на комисијата кои го подготвија извештајот преку социјалните мрежи ја поддржуваат терористичката организација ПКК која ЕУ ја смета за терористичка.Оваа состојба отвора можност за сомневање во искрените намери и во неутралноста и непристрасноста на меѓународните посматрачи.

Она што е важно да се истакне е дека поддршката која го имаше предлогот за воведување на претседателски системмво Турција од минатите месеци а што изнесуваше 30 одсто,во последниот период се искачи на 50 посто што беше евидентно и на референдумот.Без сомение во претстојниот период сите оние кои ќе ги увидат бенефитите кои претседателскиот систем ќе ги обезбеди за Турција што се однесува до нејзнината по безбедна иднина, со секој изминат ден се поголем ќе биде бројот на лицата кои ќе го прифатат претседателскиот систем како кајоптимален и најкорисен за Турција. Во овој период после референдумот од една страна  ќе се реализира законската рамка за воведување на претседателски систем а од друга ќе се фрлаат побрзи и поенергични чекори што се однесува до делот на регионалните прашања и проблеми во пост референдумскиот период.

 



Слични вести