Нова страница  во модерната политичка историја на Турција.

Портпаролот на кабинетот на претседателот на републиката Ибрахим Калин во својата статија за весникот Дејли Сабах се осврнува на уставниот референдум кој послужи да се отвори нова страница  во модерната политичка историја на Турција

Нова страница  во модерната политичка историја на Турција.

Портпаролот на кабинетот на претседателот на републиката Ибрахим Калин во својата последна статија за весникот Дејли Сабах на англиски јазик се осврнува на уставниот референдум кој послужи да се отвори нова страница  во модерната политичка историја на Турција.

Калин потсети дека милиони граѓани на Република Турција во неделата се изјаснија за воведување на претседателски сиситем во државата,наместо постојниот парламентарен.

На референдумот за измени на уставот кој предвидува воведување претседателски систем гласаа 86 насто од избирачите од кои 51,4 насто се изјаснија За реформи.Според тоа 16 април 2017 година ќе остане забележан како историски настан во поновата историја на Република Турција.

Во продолжение на статијата Ибрахим Калин пишува :

Република Турција од 2002 година под лидерството на претседателот Реџеп Тајип Ердоган влезе во период на политичка  стабилност. Сепак и покрај тој голем успех постоеше опасност земјава после 16 април годинава пак да се врати во периодот на коалиционите влади,кои донесуваа само несигурност и слабо функционирање на државниот апарат. Сега со овој референдум  и со уставните измени турскиот народ ќе може на следните избори во 2019 година да избере претседател кој директно ќе одговара пред народот и парламент во нов состав.

За да биде избран на директен начин преку избори претседателот на државата кој ќе има мандат од 5 години ќе треба да ја  обезбеди поддршката на мнозинството. Новиот систем предвидува  парламент кој ќе донесува закони, ќе поднесува интерпелација за претседателот на државата, па дури и ќе може да бара негово сменување. Новиот систем ќе функционира на база на силни сопирачки и уравнотежен механизам, така да претседателот на државата и парламентот ќе мора да постигнуваат консензус по главните и витални прашања за државата.

Еден друг важен сегмент на референдумот беше тоа што истиот ја доби поддршката на граѓаните од Југоисточниот дел на Турција. Овон настан јасно покажа дека населението од овој дел на Турција го негира и се дистанцира од тероризмот, дека ги поддржува демократските реформи, инвестирањата во овој дел на земјата, јавниот поредок и борбата против тероризмот. Претседателот Ердоган и владата кои прават јасна дистинкција меѓу Курдите и ПКК ја добија довербата на граѓаните од овој дел на Турција. Тоа на сосема јасен начин беше забележано на референдумот за уставни измени.

Ибрахим Калин во продолжение од статијата се осврнува на дел од западните медиуми и дел од западните држави кои со нивното однесување ја загубија довербата на Турција и на турскиот народ.

Калин за тоа пишува: Однесувањето на дел од европските држави пред и за време на референдумот за уставни измени предизвика силни реакции во Турција и на тој начин ги даде првите сигнали за тоа како ќе изгледаат во иднина односите на Турција со Европа. Факт е дека дел од европските лидери отворено застанаа на страната на средините во Турција кои беа против уставните реформи. Тие тоа го направија не водејќи сметка за дипломатските правила и на дипломатскиот кодекс на однесување и на тој начин предизвикаа резигнираност кај турското население.

Во продолжение Ибрахим Калин се осврнува на извештајот на посматрачите на ОБСЕ и на Интерпарламентарното собрание на Европската Унија во врска со текот на гласањето на референдумот во Турција и пишува:

Во извештајот објавен во понеделникот ,веднаш следниот ден после одржаниот референдум во Турција, беше подвлечено дека техничките аспекти од референдумот беа добро реализирани,но дека кампањата не беше реализирана на еднаков начин. Се покажа за жал дека дел од членовите на комисијата кои го подготвија извештајот преку социјалните мрежи ја поддржуваат терористичката организација ПКК која ЕУ ја смета за терористичка.Оваа состојба отвора можност за сомневање во искрените намери и во неутралноста и непристрасноста на меѓународните посматрачи.

 



Слични вести