Ибрахим Калин: Хемиско или не Сирија умира

Сирија умира,додека светот само гледа што таму се случува.Со хемиското и конвенционалното оружје кое го употребува режимот на Асад не умираат само жените и децата во Сирија,туку имира нашата хуманост

Ибрахим Калин: Хемиско или не Сирија умира

Портпаролот на кабинетот на претседателот на републиката Ибрахим Калин за весникот Дејли Сабах ја напиша следната статија:

Хемиско или не Сирија умира

Сирија умира,додека светот само гледа што таму се случува.Со хемоското и конвенционалното оружје кое го употребува режимот на Асад не умираат само жените и децата во Сирија,туку имира нашата хуманост.

Сега веќе бившиот американски претседател Барак Обама во декември 2012 година во еден говор на универзитетот Вашнгтон рече: Би сакал на Сад и на неговите надредени да им кажам ова-светот гледа што правите. Ова беше само предупредување до Асад за да не употребува хемиско оружје.Нападот се случи на 21 август идната 2013 година на Гута,кај Дамаск и во него загинаа повеќе од 1500 мажи,жени,деца и старци.Пет години после војната Асад уби многу повеќе луѓе од било кој во поблиската историја на човештвото.Асад го направи тоа и со употреба на хемиско и со употреба на конвенционално оружје и тоа додека светот го гледаше што прави.

Хемискиот напад на 4 април годинава на Хан Сејхун е само последна нишка од алката на политиката на геноцид на режимот на Асад.Дури и ОН престанаа да ги бројат загинатите во војната во Сирија.А вистината е дека ОН се покажаа како сосема неуспешни  во спречувањето на најкрвавата војна во 21.век.

Според извештајот на Амнести Интернешнл од 22 февруари 2017 година, заклучно со демекври 2016 година во војната во сирија загинале над 300 000 лица. Но бројот на убиените од страна на асадовата мислиција е многу повисок,некаде околу 600 000.Ниту преговорите во Женева ниту во Астана не го спречина режимот на Асад да не користи  хемиско и конвенционално оружје против сопствениот народ. По се исгледа дека ќе продолжи и понатаму на истиот начин,додека светот само гледа што се случува и додека Асад се оправдува дека се бори против тероризмот на ДЕАШ.

Во меѓувреме милиони кои по чудо останаа живи од дејството на хемиското оружје,барел бомбите,ракетната муниција ги напуштија своите домови и тргнаа во непознат правец.Според извештајот на Амнести Интернешнл во период 2011 и крајот на 2016 година 4,8 милиони ја напуштиле Сирија, а само во 2016 околу 200 000.Според податоците на високиот комесаријат за мегалци на ОН во истиот шест месечен период над 6,6 милиони бегалци од Сирија ги напуштиле своите домови.

Оваа цифра всушност претставува половина од вкупното население на Сирија.Згора на тоа уште иљасници бегалци од Сирија се удавија во студените води на Егејското и Средоземното море на пат кон Европа. Според податоци на УНИЦЕФ околу 8 милиони сириски деца имаат потреба од итна помош.

Американската реакција на Хан Сејхун беше оправдана и се покажа како преминување од збор кон дело. Сепак оваа американска реакција ниту ќе ја запре војната ниту ќе го штити сирискиот народ. За дискусија е прашањето дали режимот на Асад после оваа американска интервенција ќе има сили пак да употребува хемиско оружје. Но едно е сигурно а тоа е дека после оваа американско предупредување сириските власти ќе помислат дека убивањето со конвенционално оружје не предизвикува преголеми реакции како убивањето со хемиско оружје и ќе продолжат на досегашниот начин.

Ниту еден воен конфликт во поблиското минато не предизвика толку голема нестабилност како воениот конфликт во Сирија.Во заблуда се тие средини кои мислат дека сирискиот конфликт ќе остане само во границите на Сирија или во границите на нејзините соседи.Овој конфликт ја труе регионалната политика и ги поткопува темелите на рамнотежата на глобалните сили. Освен тоа оваа војна ги слабее државите кои и така се ослабени како резултат на расцепканоста на населението. Секташките поделби се видливи почнувајќи од Ирак па се до Либан и подалеку.Тоа продуцира секташки судири, што резултира со појава на бегалска криза со глобални размери, како резултат на што се појавува непријателство кон странците во Западот и вокреснување на расизмот. Ова ситуација само оди во прилог на терористички организации како што се Ел Каиде и ДЕАШ .До пред 3 години во Сирија немаше ништо како ДЕАШ,но воениот конфликт во Сирија и во Ирак го создадоа ова чудовиште наречено ДЕАШ.

Згора на тоа сирискиот конфликт ги уништи и термините како што се заштита на човековото достоинство,човекови права, демократија, слободи, плурализам и другите придобивки на современиот свет. Како последица на политиката на претходниот американски претседател Барак обама за поддршка на ограноците на терористичката организација ПКК во Сирија, ЈПГ и ПЈД, НАТО сојузниците Турција и САД доживеаја одредена затегнатост во меѓусебните односи. Тоа не е се ,долг е списокот на геополитичките проблеми и регионални прашања кои со себе ги донесе сириската криза.

Факт е дека решението на сирискиот конфликт сеуште е далеку од тоа да биде реалност. Само затоа што Америка бомбардираше една сириска база не значи дека режимот нема да ја има досегашната поддршка. Ниту дека Асад ќе одговори на барањата да поднесе оставка,како што го стори тоа минатата недела Муктеда Ел Садр. Според неговата проценка Асад смета дека ја добива војната и тоа не само поради руската, иранската и хезболаховата поддршка ,туку бидејќи пред себе има една нерешителна и слаба меѓународна коалиција. Освен тоа Асад ДЕАШ може да ја користи како средство за да докаже дека има и полош од лошиот, мислејќи на себеси.

Турција со нејзиниот прелог за воспоставување на безбедни зони можеше да спаси иљадници сиријци,но залудно бидејќи нејзиниот предлог не наиде на одобрување од другата страна на Атлантикот.Освен тоа во Турција моментално се прифатени околу 3 милиони бегалци од Сирија, згора на тоа таа пружа помош на иљадници останати.

Недвојбено чудовиштето наречено ДЕАШ треба и мора да се уништи.Од друга страна не би требало да се замижи и пред злосторствата на другото чудовиште, режимот во Сирија.

Сирија умира пред очите на светската јавност, од хемиското оружје на асадовиот режим не умираат само невини цивили туку умира и човештвото.

 

 



Слични вести