Дали Европа на Турција гледа како на „онаа другата страна“?

Од кога во еден европски град станува нормална појава да се повика да се убие еден претседател? Дали непријателството кон Турција и паранојата кон Ердоган можат навистина да достигнат до ова ниво на лудило?

Дали Европа на  Турција гледа како на „онаа другата страна“?

За ултра десните средини во Европа може да значи краткотраен бенефит ако ја претворат Турција во онаа другата страна и да ја прикажат како непријател. Но сепак, тоа нема да ги реши проблемите на самата Европа ниту ќе претставува идна етичка политика или патна карта за неа.

Со давање дозвола на симпатизерите на ПКК да демонстрираат среде Берн на 25 март годинава Швајцарија се приклучи кон земјите анти турски расположени.Симпатизерите на ПКК не приредија само анти турски митинг туку истакнаа плакати со терористичка пропаганда.На еден од овие плакати беше прикажан претседателот Реџеп Тајип Ердоган со пиштол вперен во главата со текст подолу „Убијте го Ердоган“. Од кога во еден европски град станува нормална појава да се повика да се убие еден претседател? Дали непријателството кон Турција и паранојата кон Ердоган можат навистина да достигнат до ова ниво на лудило?

Швајцарските власти првин за митингот рекоа дека е „мирен протест“, но откога Турција го повика на разговор амбасадорот на Швајцарија и ја покажа жестоко својата реакција, дури тогаш властите на Швајцарија рекоа дека ќе го истражат случајот. Сепак главното прашање се уште виси во воздух: како е можно пред се европските демократии да им дозволат на терористичките групи да делуваат слободно кај нив? Кој може активностите на една забранета организација да ги дефинира како право на слободно собирање и активност? Дали оружјето вперено кон еден избран претседател во исто време не претставува закана и за европските вредности?

По се изгледа дека кај одредени европски политичари негативниот одговор на референдумското прашање во Турција го достигна нивото на опсесија.Тие едноставно не го искажуваат своето мислење за референдумот во една земја инаку нивен стратегиски партнер во НАТО и кандидат за членка на ЕУ туку, се поставуваат себеси како страна за едно прашање да кое ќе одлучува турскиот народ. Од една страна ги обвинуваат турските политичари дека турските внатрешни прашања ги пренесуваат во Европа, а од друга страна самите стануваат страна во едно прашање кое ги засега турските граѓани. Одредени политичари со турско потекло отворено се декларираат дека се против референдумот во Турција, а дел од европските медиуми исто така сосема отворено се изјаснуваат дека се против референдумот во Турција. Дали тоа го прават затоа што навистина се грижат за Турција ,или се работи за нешто друго?

Ако овие Европејци навистина се грижеа за Турција, ќе требаше дента после 15 јули да се изјаснат цврсто и непоколебливо. Ќе требаше да бидат на страната на Турција наспроти терористичките организации ПКК и ФЕТО кои слободно делуваат во Европа. Наместо само вербално да се декларираат дека ја поддржуваат Турција, ќе беше подобро конкретно да ја поддржат и да се солидаризираат со неа. Наместо со обучување, со логистичка поддршка и со оружана поддршка да ги поддржуваат терористичките организации како што ПЈД и ЈПГ во Сирија а кои што се продолжени крила на ПКК ,требаше да застанат покрај Турција во нејзината борба против ДЕАШ во рамките на операцијата Штитот на Еуфрат.

И тоа не е се. Можеа на пример да вложат силни напори за прием на Турција во ЕУ откога започнаа преговорите за прием на Турција во ЕУ во 2005 година.(Само за потсетување во последните 12 години од 36 поглавја се отворени само едно) Дали е ова начин на однесување на ЕУ која се декларира дека сака да ги официјализира односите со Турција? Згора на тоа ЕУ не го одржа ветувањето ниту кога се работи за пружање материјална помош на Турција наменета за бегалците од Сирија, па дури ниту ветувањето да ја вклучи Турција во шенгенскиот визен режим.

Сега,критичното прашање,кое што се поставува токму тука е прашањето кој е интересот на Европа во случај да ја загуби Турција? Можно е одредени популистички,ултрадесни и расистички групи да гледаат евентуален интерес од краткорочно изолирање на Турција, но една ваква политика долгорочно може негативно да се одрази на односите со една земја сојузничка во НАТО, како и на регионалната безбедност.Се прашуваме каква порака тие доставуваат до останатиот муслиманскиот свет воопшто, со овие нивни политики? Или дали тоа воопшто им е важно?

Жално е тоа што тие средини на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и на Турција гледаат како кон измислени непријатели или како на „оние другите“. Секогаш имаат одреден изговор пред себе кога пред нив ќе се појави „турското прашање“.

Се обидуваат да се изолираат себеси од вистинските проблеми, криејки се зад се повеќе ослабената европска идеа и од се помасовните појави на непријателство кон странците,нееднаквоста, насилство во кругот на семејството, извештачената индивидуалност, полова обесправеност, класните борби и мултикултурата.

Можно е одредени популистички, ултрадесни и расистички групи да гледаат евентуален интерес од краткорочно изолирање на Турција, но тоа нема да ги реши проблемите на Европа ниту ќе обезбеди патна карта за нејзината иднина. Да се сатанизира Ердоган може да се искористи за свртување на вниманието во Европа од вистинските горливи прашања, но тоа нема да биде серисозно и паметно однесување. Тоа само уште повеќе ќе ја продлавочи атмосферата на недоверба која ги труе односите меѓу заедниците, како меѓу Турција и Европа,така и меѓу Муслиманите и целиот западен свет воопшто.

Овој конфликтен приод би требало да биде одбиен од страна на оние европски политичари кои навистина се грижат за местото и положбата на Европа во светот и за нејзината иднина. Односи на база на доверба, обостран интерес, еднаквост и почитување меѓу Турција и Европа, е и те како можна и истовремено потребна. Во моментот и кај двете страни постои потребниот општествен и политички капитал како и економски бенефит за сето тоа.

Сепак Европејците не можат да се декларираат себеси како поддржувачи на демократијата во случај кога  дозволуваат европската земја да ја користат анти турски групи како и тоа како лансирна рампа за изведување на секојдневни напади на Турција.



Слични вести