102. годишнина од славната победа на Чанаккале

Турција денес ја одбележува 102. годишнина од славната победа на турските војници над окупаторските сили во легендарната битка на Чанаккале

102. годишнина од славната победа на Чанаккале

Под поимот битките за Чанаккале се подразбираат битките што ги водеше османлиската држава во текот на Првата Светска Војна против англиско-француската армија кои заедно планираа да го освојат морскиот теснец Чанаккале а потоа и престолнината Истанбул.

Легендарната битка за Чанаккале е една од битките во историјата на турскиот народ која го смени текот на целата историјата на човештвото. На 18 март 1915'та година се водеа најкрвавите поморски битки на морскиот теснец Чанаккале.

Османлиската армија и морнарицата излегоа како победници од оваа славна битка и им нанесоа тешки удари на британската и француската морнарица. Свесни за тоа дека не ќе можат да го поминат морскиот теснец Чанаккале овие сили ја започнаа копнената офанзива. Благодарение на големата храброст и пожртвуваност на турскиот народ окупаторските војски не успееја да го поминат Чанаккале.

Светот уште еднаш стана сведок дека „Чанаккале не може да се помине“ .

На 18 март секоја година со почит се сеќаваме на младите јунаци кои го положија животот и кои до последна капка крв се бореа за секоја педа на турската земја.



Слични вести