Војната, дипломатијата и сириската трагедија

Дипломатијата е единствено средство за изнаоаѓање мирно решение со кое на терен може да се постигне праведна рамнотежа на силите

Војната, дипломатијата и сириската трагедија

Една од најзначајните поенти на војната во Сирија која излезе на виделина е фактот дека дипломатијата е средство за изнаоаѓање мирно решение единствено кога на терен може да се постигне праведна рамнотежа на силите.

Во период кога западните нации говорат за можностите за изнаоѓање политичко решение во Сирија, Русија со цел да го промени текот на случувањата, продолжува со воздушните напади во оваа земја.

Потпишувањето на Договорот во Минхен за окончување на непријателството во Сирија во доцните часови на 11 февруари, по се изгледа дека не ќе може да ја промени состојбата на теренот.

Во последните две години, сите инволвирани клучни земји вклучувајќи ја и Москва, постојано го повторуваа ставот дека военото решение во Сирија не може да биде дипломатско решение за кризата во оваа земја. Сојузот меѓу Русија, Иран и режимот на Сирија ја потврди контрадикторноста на овој став.

На средбите и разговорите во Женева беше подвлечено дека во рамките на резолуцијата 2254 на СБ на ОН, беа разгледани основните предуслови на резолуцијата кои треба да се почитуваат како што се постигнување примирје, доставување хуманитарна помош и пуштање на слобода на заробениците, додека новите воени обиди и интервенции се само некои од пречките кои ги спречуваат овие напори.

Учеството на Високиот комитет за преговори кој ја застапува сириската опозиција на преговорите во Женева зависи од имплементацијата на резолуцијата 2254.

Сириската опозиција предводена од Ријад Хиџаб има доволно причини за сомнителниот приод кон преговорите кои беа одложени за 25 февруари. ОН се неспособни да ги спроведат во дело одредбите кои самите ги поставија за започнување ан преговорите.

Улогата што ќе ја одигра дипломатијата навистина е голема. Но исто така треба да се земат во предвид и другите факти како што е испраќањето на министерот за надворешни работи од страна на Кремљ во земјите во светот, со цел да покаже дека активно учествува во политичките преговори кои напредуваат тешко и излитено, а во меѓувреме за промена на рамнотежата на теренот во Сирија ги испраќа своите борбени авиони.

Руската дипломатија служи како еден вид плашт за криење на руската воена интервенција во Сирија. Меѓудругото, руските воени напади во Сирија, исто така се во корист на одвраќањето на вниманието на светот од проблемите во Украина каде што Русија продолжува со своите маневри и сеуште не е решено ниту едно прашање.

Русија со бомбардирањето на цивилите во Сирија, планира да предизвика масовно исселување и миграции, со цел да ги казни Европа и Турција. Од друга страна пак, на САД им испраќа порака во врска со сопственото стратешкото стационирање во оваа земја. Рускиот претседател Владимир Путин многу добро ја исполнува стратешката празнина која е последица на неодлучноста на Запад.

Секој изминат ден, силите на режимот продолжуваат да убиваат десетици луѓе, поради што едностраната стратегија на борбата против ДЕАШ (ИДИЛ) станува тема на дискусии од аспект на моралниот легитимитет. Секако дека борбата против ДЕАШ треба да продолжи и да се победи ДЕАШ. Но тоа не треба да биде по цена да се даде воена победа на режимот на сирискиот претседател Бешар Асад и неговите поддржувачи.

Илјадници Сиријци повеќе бегаат од државниот тероризам на Асад и руските бомбардирања отколку од тероризмот на ДЕАШ. Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус кој ја критикуваше стратегијата на САД кон Сирија, поднесе оставка на функцијата и рече дека позицијата на Америка во Сирија е „неодредена“ и „нестабилна“.

Фабиус меѓудругото рече дека со инертноста по прегазувањето на црвените линии кои ги поставија САД во врска со хемиското оружје, уште повеќе го охрабри Путин да напредува во Украина и Сирија.

САД, Русија и силите на режимот на Асад, како да го потврдуваат ова утврдување на Фабиус, со цел да постигнат голема воена предност на теренот, сета своја воена поддршка ја интензивираат врз ПЈД и ЈПГ.

ПЈД и ЈПГ, од САД, Русија, и режимот на Асад, во својство на клиенти од сите истовремено купуваат оружје, муниција и бараат разузнавачки информации и воздушна поддршка. Токму поради наведените причини, во знак на поддршка на ПЈД а со цел да се стекнат со легитимност, многу добро се форсираат како ефикасна сила во борбата против ДЕАШ. На тој начин ќе се стекнат со одлика на влијателна сила против ДЕАШ која ќе добива првокласна поддршка.

ПЈД истиот плашт се обидува да го примени на северот на Сирија, каде што прогласи автономија, а под изговор дека води борба против ДЕАШ. Во меѓувреме, покрај тоа што на силите на опозицијата во Сирија честопати им беше дадено ветување за доделување квалитетна помош и програма обучи-опреми, додека од една стана се изложени на немилоста на руските воени и насилствата на силите на режимот на Асад, од друга страна пак се изложени на нападите и насилствата на ДЕАШ. Случувањата на 10 февруари се само сведоштво на ситуацијата во Сирија. Имено силите на ЈПГ со силна поддршка на руските воздушни напади извршија напад на силите на сириската опозиција и ја презедоа контролата над воздушната база Манаг. Целта беше да се воспостави контрола над арапските села во близината на Африн и проширување на сферата на хегемонијата на ПЈД во областа. Силите на ЈПГ чекаа спремни надвор од градот Азиз, на главниот пат меѓу Алепо и границата со Турција.

Трагично и иронично во целиот овој настан е фактот дека само до пред една година, Сириската слободна армија која во Кобани дотрча на помош на ПЈД во борбата за спасување на Кобани од ДЕАШ, овојпат беше изложена на напад од страна на истите сили на кои им помогна.

Ова е многу разочарувачка ситуација и сеуште не е јасно како ќе завршат преговорите во Женева.

Во меѓувреме, предлогот на Анкара за поддршка на умерената сириска опозиција и формирање безбедни зони за бегалците и цивилите од Сирија, кој од страна на Запад беше одбиен без да се изнесе некоја убедлива причина, во последно време од страна на трансатлантските средини почна да привлекува се поголемо интересирање.

Лани, група поранешни угледни дипломати и аналитичари, на раководството на Барак Обама му препорача на северот на Сирија по должината на границата со Турција да се формираат безбедни зони.

Роберт Форд, поранешниот американски амбасадор во Сирија на 9 март 2015 година, во една статија напиша дека за заштита на сириската опозиција треба да се прогласи зона на забранети летови, а на кој предлог актуелното американско раководство доста долг период се противеше.

На 21 април 2015 година, американските сенатори од редовите на Републиканците и Демократите исто така на Обама му упатија повик за формирање безбедни хуманитарни зони во Сирија и вршење притисок за формирање на истите.

Поранешниот американски дипломат Фредерик С. Хоф исто така го имаше изнесено ставот дека во случај формирањето поголема зона на забранети летови ќе ја отежне или целосно ја намали способноста на силите на режимот на Асад при фрлањето касетни бомби надвор од безбедните зони и невините цивили, освен тоа што ќе се спасат голем број животи, исто така ќе се изолира и ДЕАШ во наоѓањето нови приврзаници од изворните места.

Ен-Мари Слотер пак во една прилика рече дека „со формирањето зони на забранети летови, САД и сојузниците ќе имаат можност на Асад да му покажат дека им заврши трпението и дека се спремни да ги заштитат Сиријците во Сирија“.

Од лани до денес се случија многу нешта и Русија, согласно своите планови де факто формира своја зона на забранети летови. Идејата за формирање зона на забранети летови сеуште има шанси да ги спаси животите на Сиријците и моќ да го спречи преминот на руските и сириските воени булдожери во цивилните подрачја.

Михаил Игнатиев и Леон Виселтир, разочарувањето го изнесуваат со следните зборови: за жал подолг период преовладува недостиг на етика. Празните реторики и изјави во врска со заминувањето на сирискиот претседател Бешар Асад кои траат скоро пет години, половичната поддршка на бунтовничките групи, несаканото прекршување на црвените линии кои беа поставени во врска со употребата на хемиското оружје, неуспешноста за преземање на дел од товарот на бегалската криза на кој беше изложена Европа.

Затоа, многу отворено и јасно на САД треба да им се укаже дека за изнаоѓање решение на ситуацијата во Сирија, треба да се искористат поморските и воздушните сили во регионот и да се формира зона на забранети летови од Алепо до границата со Турција и на тој начин да се спречи можноста невините цивили и бегалци да бидат жртви на бомбардирањата на силите на Асад или Русија.

Двајцата поранешни американски дипломати, Николас Барнс и Џејмс Џефри потенцираат на истата потреба. Веруваме дека екипата на Обама покрај тоа што ги одби предлозите во минатото, ќе биде принуден повторно да ги земе во предвид истите и да ги разгледа. Имено што поскоро треба да се формира безбедна зона на северот на Сирија со цел да се заштитат невините цивили и во тие рамки да се прогласи зона на забранети летови која ќе ја обезбеди сигурноста на безбедните зони.

Денис Рос исто така ја изнесува поддршката на предлогот за формирање безбедни зони потенцирајќи дека Путин сигурно ќе се изјасни против. Рос меѓудругото додава дека ако не сме спремни да употребиме поголема сила наспроти сето она што го прават Русите, тогаш не ќе можеме да ги придобиеме ниту сунитските партнери а исто така ќе се намали можноста за функционирање на дипломатијата.

Една од придобивките на која ни укажа војната во Сирија е фактот дека дипломатијата се стекнува со улога на значајно средство и смисла единствено кога на терен имате рамнотежа на силите.

Ако на претстојните преговори за Сирија сакате да добијат значење и смисла, тогаш истите треба да добијат сериозна поддршка од меѓународната заедница. Дипломатијата која ќе се води без претходна целосна поддршка на сириската опозиција и без формирање безбедни зони за сириските цивили, ќе биде само воена загуба.



Слични вести