Турски печат 11.02.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 11.02.2019

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Поставен камен-темелникот на новиот Културен центар Ататрук АКМ“ пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера говореше на церемонијата на поставување на камен-темелникот на Културниот центар Ататурк на плоштадот Таксим во Истанбул и притоа истакна дека е фрлен значаен чекор со кој што ќе се отвори нова епоха во уметничкиот и културниот живот на Турција. Ердоган напомена дека Културниот центар Ататурк ќе располага со покриен простор со површина од 95.600 квадратни метри и ќе се состои од 5 блока. „Изградбата на Културниот центар Ататурк во Истанбул ќе ја завршиме во кусо време од 2 години и ќе го ставиме во улуга на нашите уметници и љубителите на уметноста.“ – рече претседателот Ердоган.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Џиновско партнерство од Турција и Русија! На маса се опциите Истанбул и Анталија“, информира дека се разјаснуваат деталите  на заедничкиот турско-руски универзитет. На средбата со рускиот претседател Владимир Путин, за време на посетата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Русија за која што се очекува да ја оствари во април, се очекува да се постави на дневен ред прашањето посветено на заедничкиот турско-руски универзитет. Двете земји во однос на локацијата на заедничкиот универзитет стојат на две опции, Истанбул и Анталија.

„На аеродромите во Истанбул се пречекани 7 милиони 968 илјади 882 патници“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, каде што се вели дека реализираните домашни и меѓународни летови во месец јануари за и од аеродромите Ататурк, Сабиха Ѓокчен и Истанбулскиот аеродром, во споредба со истиот месец минатата година со раст од 1068 летови, изнесува 56.420 летови. Со летовите за поаѓање и доаѓање од и за овие аеродроми во истиот месец се превезени 7 милиони 968 илјади 882 патници.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Извозот на суво овошје достигна до 1 милијарда 388 милиони долари“, пишува дека извозот на суво овошје на Турција во 2018 година со раст од 8,5 отсто од 1 милијарда 279 милиони долари, се зголеми на 1 милијарда 388 милиони долари. Земја во која е извезено најмногу суво овошје е Германија со 178 милиони долари, втора е Англија со 164 милиони долари, а трета Италија со 102 милиони долари. Бројот на земји во кои е остварен извоз на суво овошје изнесува 143. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Цел на цвеќарите во 2019 година: Извоз во 85 земји“ информира дека турскиот сектор на сечени цвеќиња кој што минатата година оствари извоз од 100 милиони долари, оваа година има за цел да достигне во 85 земји и да реализира извоз во износ од 125 милиони долари. Претседателот на Унијата на извозниците на украсни растенија и производи од централноанадолската област Исмаил Јилмаз, се осврна на тоа дека најзначајни пазари се Холандија и Англија, а воедно привлече внимание дека во последните години постои значаен раст и на пазарот во Узбекистан.



Слични вести