Турски печат 16.01.2019

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 16.01.2019

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Критична изјава за 'безбедната зона' од претседателот Ердоган“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган изјави дека ЈПГ/ПКК, продолжетокот во Сирија, на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, не може да учествува во евентуалниот проект за формирање безбедна зона во оваа земја. Нагласувајќи дека идејата за формирање безбедна зона во Сирија, Турција претходно му ја предложи и на поранешниот американски претседател Барак Обама, Ердоган рече: „Рековме дека доколку САД ја преземат контролата над воздушниот простор во Сирија и ние би можеле да ги воспоставиме сите безбедносни мерки на копно. Обама не ги фрли неопходните чекори по ова прашање. Овој приод на Обама, значи длабочина од 30 километри. Тоа е прашање на кое гледам позитивно и јас. Би можело да се работи на ова прашање. Овие 20 милји би можеле да се прошират и повеќе.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Министерот Берат Албајрак соопшти: Постигната уште една цел“, информира дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак преку социјалната мрежа Твитер направи проценка на резултатите од буџетските применувања за месец декември и периодот јануари-декември 2018 година. Албајрак потсети дека во Новата економска програма (ЈЕП) заклучно со крајот на 2018 година се предвидуваше буџетски дефицит од 72,1 милијарди турски лири и рече: „Буџетскиот дефицит изнесува 72,6 милијарди турски лири, што е во успогласеност со нашата цел. На тој начин ја постигнавме целта во Новата економска програма (ЈЕП) за буџетски дефицит од 1,9 отсто, по национален доход.“

„Бројот на патници на Сабиха Ѓокчен се доближи до 35 милиони лица“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, каде што се вели дека, меѓународниот аеродром Сабиха Ѓокчен во Истанбул, вториот по големина аеродром во Турција по бројот на патници и 13'ти по големина аеродром во Европа, бројот на своите патници во 2018 година во споредба со претходната 2017 година со раст од 9 отсто го зголеми на 34 милиони 58 илјади 917 лица.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс продолжува да ја проширува својата мрежа на летови“, пишува дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) кон својата мрежа на летови за значајните градови на американскиот континент, ќе ги додаде и Мексико Сити и Канкун. Според објавеното соопштение од потсекретаријатот за печат на Туркиш Ерлајнс, летовите кои што ќе ги реализира Туркиш Ерлајнс за Мексико Сити и Канкун, како 18'та и 19'та дестинација на американскиот континент, ќе започнат од 21 август и ќе се остварат три пати неделно на линијата Истанбул-Мексико Сити-Канкун-Истанбул.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Крушите и дуњите 2018 година ја завршија со рекорд во извозот“, информира дека крушите кои што се одгледуваат во различни градови на Турција во текот на минатата (2018) година беа извезени во 53 земји. Извозот на круши во 2018 година во споредба со претходната (2017) година со раст од 33,7 отсто од 36,2 илјади тони се зголеми на 48,5 илјади тони, и со раст од приближно 10 отсто, беа обезбедени приходи во износ од 22 милиони долари. Во 2017 година од извозот на круши беа заработени 20,3 милиони долари. Исто така извозот на дуњи во Турција во 2018 година  со раст од 5 отсто од 18,9 илјади тони се зголеми на 19,9 илјади тони, и со раст од 8 отсто во споредба со 2017 година, беа обезбедени приходи во износ од 13,4 милиони долари. Од извозот на дуњи во 2017 година беа заработени 12,4 милиони долари.



Слични вести