Турски печат 15.01.2019

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 15.01.2019

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ердоган рече дека Турција нема никакви проблеми со Курдите и дека ќе ги гаѓаме терористите на ЈПГ/ПКК“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. Двајцата лидери разменија мислења во врска со идејата за формирање безбедносни зони, додека претседателот Ердоган на американскиот претседател Трамп му рече дека Турција нема никакви проблеми со Курдите и дека единствената цел на операциите е водење борба против терористичките закани кои се закануваат на националната безбедност.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Одговор на портпаролот Трамп на Трамп“ истакнува дека портпаролот на претседателството Ибрахим Калин даде одговор на дрската изјава на американскиот претседател Доналд Трамп. Калин во изјавата рече: „Турција води борба против терористите, а не против Курдите“. Турција ќе продолжи да ги брани и штити Курдите и Сиријците од сите терористички закани. Поистоветувањето на сириските Курди и терористичката организација ПКК е смртоносна грешка. Почитуван Доналд Трамп, терористите не можат да ви бидат партнери и сојузници. Турција од САД очекува да ги оствари стратешко партнерските обврски и истите да не бидат засенчени со терористичка пропаганда“, рече Калин.  

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Одговор од Чавушоглу на изјавата на Трамп“ истакнува дека министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу остро реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп кој рече дека во случај „Турција изврши напад врз Курдите, ќе им ја уништиме економијата“. Министерот Чавушоглу во изјавата рече дека стратешките партнери не комуницираат преку социјални медиуми со што ја покажа својата реакција против споделувањето овој вид постови на социјалните мрежи. Турција не е непријател на Курдите, напротив ни сме земја која што најмногу излезе во пресрет на нивните барања. Идејата за формирање безбедносна зона долг од 32 км припаѓа на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, рече Чавушоглу.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Извозот на праски собори рекорд“ истакнува дека минатогодишниот извоз на праски во споредба со 2017 година постигна раст од 43,7 насто и достигна 128,6 илјади тони. Додека Русија беше најголемиот увозник од извезените праски, односно секој втор килограм праски беше извезен во оваа земја, растот на извозот во Романија и Сирија достигна 164 насто.

„Хабер Турк“ во веста под наслов „Светската рекордерка во нуркање Шахика Ерџумен ќе нурка во Антарктикот“ истакнува дека турската репрезентативка светската рекордерка во нуркање Шахика Ерџумен во рамките на 3-та национална научна експедиција на Антарктикот ќе замине за Антарктикот. Репрезентативката Ерџумен рече дека чувствува посебно задоволство и гордост поради тоа што ќе има можност да ја застапува земјата на едно од невообичаените места на планетава, потенцирајќи на значењето на формирањето на Турската научна база на Антарктикот.



Слични вести