Турски печат 11.01.2019

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција..

Турски печат 11.01.2019

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Тајмс: Ердоган е во право по прашањето на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК“, пишува дека во веста-анализа објавена на интернет страницата на британскиот весник „Тајмс“ се вели дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган е во право по прашањето на ЈПГ. Во веста се нагласува дека помеѓу ПКК и ЈПГ не постои никаква разлика и дека не може да се сфати и разбере поддршката која што водечките капиталистички сили во светот, НАТО и САД како лидер на западниот сојуз, ја даваат на терористичката организација ЈПГ/ПКК која постојано оди и се враќа помеѓу Марксизмот чија идеологија и мода веќе се застарени и верувањето на еден малку познат анархистички филозоф по име Murray Bookchin.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Американска делегација доаѓа за продажба на Патриот“, информира дека на 15 и 16 јануари делегација од САД ќе допатува во Турција за преговори за продажба на противвоздушно одбранбените системи Патриот. Американската делегација во наредната недела ќе оствари разговори во Управата за одбранбена индустрија. Предуслов на САД за продажбата на Патриот, е Турција да се откаже од купување на ракетните системи С-400 од Русија. Меѓутоа, Турција е одлучна во купувањето на С-400. Исто така делегација од Турција на крајот на јануари ќе отпатува во посета на Вашингтон.  

„Прва порака од националниот софтвер“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, каде што се вели дека е фрлен потпис на значаен успех во работите кои што се водат со цел безбедно испраќање на тактичките информации помеѓу воените платформи и командните центри. Од страна на фирмата за софтверски технологии MilSOFT е развиен софтверски линк на податоци за домашна и национална тактика. Националниот софтвер во стандардите на НАТО, ќе обезбеди можност за користење на мрежа фомирана со национален линк, помеѓу воените платформи со безжични, модемски и крипто системи, произведени во Турција. Првата порака пак, која што беше испратена од страна на успешно тестираниот софтвер беше „Здраво историски момент“.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Целта е 70 милиони туристи и приходи од 70 милијарди долари“ пишува дека министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсеој учествуваше на туристичкиот саем во холандскиот град Утрехт кој што оваа година се одржува по 49'ти пат. На саемот на кој турските туристички работници покажаа голема заинтересираност, министерот Ерсој истакна дека турскиот туризам во 2018 година доби сериозен залет. Укажувајќи на тоа дека во 2019 година од аспект на бројот на туристите се очекува раст од 18 до 20 отсто, Ерсој рече: „Во 2019 година ќе ја доловиме бројката од 52 милиони туристи. Ги покачивме нашите цели. Нашата нова цел е 70 милиони туристи и приходи од 70 милијарди долари.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Награда, гордост за халал туристичките работници“, известува дека хотелот со пет ѕвездички Adin Beach во Аланја-туристички рај на Анталија, хотел предводник во халал туризмот во Турција, кој што им нуди неприкосновена и извонредна услуга на своите гости, го запиша своето име на списокот за награда, формиран со поени кои што им се доделуваат на 900 илјади хотели од страна на 8 милиони туристи ширум светот. Хотелот Adin Beach стана добитник на наградата хотел кој се препорачува „HolidayCheck 2019“.

 



Слични вести