Турски печат 20.11.2018

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 20.11.2018

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Зборовите на Ердоган и Путин добија големи аплаузи“ пишува дека вчера во Конгресниот центар во Истанбул со учество на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин се одржа церемонија по повод завршувањето на изградбата на делот од гасоводниот проект Турски тек, што поминува под морето. Притоа двајцата претседатели Ердоган и Путин во своите говори на церемонијата се осврнаа на турско-руското пријателство. Претседателот Ердоган истакна дека 2019 година взаемно ќе се слави како година на културата и туризмот помеѓу двеет земји, додека рускиот претседател Путин рече: „Му се заблагодарувам на Ердоган за политичката волја и храброста што ја покажа. Да не постоеше доверба помеѓу двете земји не ќе беше можно да се реализира еден ваков проект.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Протекот на првиот гас преку Турски тек ќе започне на крајот на 2019 година“ информира дека со помош на проектот Турски тек природниот гас од Русија директно ќе дојде во Турција. Првиот гас ќе протече на крајот на 2019 година. Преку гасоводот под Црното Море од Русија ќе се испорачуваат во Турција 31,5 милијарди кубни метри гас годишно. Половината од овој природен гас ќе се употребува во Турција, а другата половина ќе се транспортира во Европа.  Благодарение на придобивките кои што ќе ги обезбеди за сите страни, проектот ќе стане гаранција за одржливата иднина на енергијата во регионални рамки, а воедно ќе ја сочинува едната од основите на турско-руското пријателство. 

„Од Аеродромот Истанбул дневно летаа по 19 илјади патници“ гласи насловот на страниците на весникот „Јени Шафак“ каде што се вели дека од 3 октомври кога започнаа летовите од и за новоизградениот Аеродром Истанбул, до 17 ноември купија авионски билети 21 илјади 608 патници. Од новиот аеродром се реализирани вкупно 164 летови.  

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Се наближува крајот во третата највисока брана на светот“ информира дека се наближува крајот во проектот за изградба на браната и хидроелектричната централа Јусуфели на реката Чорух, во населеното место Јусуфели кај градот Артвин, чија изградба продолжува , а која со својата височина од 275 метри ќе стане највисока брана на Турција и трета највисока брана во светот. Браната Јусуфели се гради целосно од страна на турски инженери, ќе биде висока колку 100 спратен облакодер и ќе почне да се полни со вода почнувајќи од првата половина на идната година. Во 2020 година пак, оваа брана ќе почне да произведува електрична енергија.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Во Анталија пронајден викингски меч“ пишува дека во археолошките ископувања кои што се водат во античкиот град Патара во населеното место Каш во градот Анталија е пронајден викингски меч за кој што се претпоставува дека датира од 9-от или 10-от век. Доктор Фејзуллах Шахин кој ги реализира истражувањата, во врска со викингскиот меч рече: „Мошне е тешко да утврдиме на кој начин овој викингски меч дошол во Патара. Меѓутоа, овој пронајден меч ќе држи ново светло во врска со историјата на античкиот град Патара.“

 



Слични вести