Турски печат 08.11.2018

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 08.11.2018

Весникот „Хабер Турк“ во веста под наслов „Изјава од министерот Акар во врска со одлуката на САД за челниците на ПКК“ пишува дека како што истакна министерот за национална одбрана Хулуси Акар, ја смета за позитивна, но задоцнета, одлуката на американскиот државен секретаријат во врска со тоа дека ќе им се додели награда на оние кои во склопот на програмата „Награда за правда“ ќе достават информации за тројцата таканаречени високи раководители челници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Министерот Акар напомена дека се очекува од САД ставот против сепаратистичко-терористичката организација ПКК да го покажат и против ЈПГ, која нема никаква разлика од неја. 

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Поддршка од ЕУ на процесот за членство на Турција“  информира дека Европската унија (ЕУ) соопшти дека го поддржува продолжувањето на претпристапните преговори со Турција. Портпаролот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Маргаритис Шинас на одржаната дневна прес-конференција одговараше на прашањето на дописникот на Новинската агенција Анадолија (АА) цо врска со тоа дека „Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан рече дека треба да се прекинат преговорите со Турција. Дали тоа го презентира официјалниот став на Комисијата на Европската унија?“. Шинас подвлече дека официјалниот став на Европската комисија може да се изнесе „само и само“ од страна на претседателот Жан-Клод Јункер, а го рече и следното „Официјалниот став на Комисијата на Европската унија е во правец на продолжување на претпристапните преговори со Турција.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Турција стана членка на тој Совет“ пишува дека на изборите за Советот на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ) што се одржаа во Дубаи Турција ги доби гласовите на 146 земји и се стекна со право на членство во овој Совет. Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се потсетува дека на 5 ноември 2018 година во Дубаи беа одржани изборите за членство во Советот на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ), која инаку е специјализирана организација на Обединетите нации (ОН) и која има за цел да ја воспоставува координацијата помеѓу комуникациските мрежи и услуги во глобални димензии. Во соопштението се вели следното: „На изборите Турција ги доби гласовите на 146 земји и по петти пат се стекна со право на членство во Советот на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ).“

„Бројот на авиопатници за 10 месеци се доближи до 183 милиони“ гласи насловот на страниците на весникот „Сабах“ каде што се вели дека заклучно со крајот на месец октомври оваа година во Турција им е доставена услуга на вкупно 182 милиони 709 илјади 862 авиопатници. Генералната дирекција на државното претпријатие за управување со аеродромските услуги (ДХМИ) ги соопшти статистичките податоци за воздушниот сообраќај, авиопатниците и товарот за месец октомври оваа година. Според тоа, во октомври бројот на авиони кои полетаа и слетаа од и на аеродромите на внатрешните линии изнесува 75 илјади 583, а на меѓународните линии 61 илјада 332.  

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Каплан МТ, презентиран на саемот İndo Defens стана ѕвезда на саемот“ информира дека во Индонезија започна саемот за одбрана. Тенкот Каплан МТ од класата на средно тешки тенкови, кој инаку е дизајниран и развиен во Турција од страна на фирмата ФНСС заедно со индонезиската фирма ПТ Пиндад, на саемот беше претставен со неговото ново име. Името за сериско производство на тенкот кој ги помина успешно тестирањата во Индонезија, е „Харимау“. Овој тенк кој што се изложува во едниот од највпечатливите и најшироките простори на саемот, стана заедничка точка на заинтересираност кај посетителите.

 



Слични вести